Ѕвездата на Манчестер сити што се гони за педофилија е во најбруталниот затвор во Англија

Бенџамин Менди, кој е гонет од англиските власти за педофилија, се наоѓа во најозогласениот затвор во оваа држава.

Играчот на Манчестер сити е гонет за четири силувања, како и два сексуални напади врз малолетнички.

Менди во моментов е во затворот „Алткорс“ во Ливерпул, кој важи за најбруталниот затвор во Англија.

Дури 29 обиди за убиства има во еден месец, што практично ќе му дојде речиси по едно на ден.

Голем дел од нив се успешни, а и сите затвореници се дел од некоја од бандите бидејќи ако не се приклучат, тогаш деновите им се одбројани.

Јасно е дека него го очекува голем пекол во овој затвор бидејќи доказите против него се големи.

Од јуни, пак и Гулфи Сигурдсон е обвинет за педофилија, но тој својата слобода ќе ја докажува од дома бидејќи судот му дозволи да плати кауција и да биде во домашен притвор.

- Оглас -

Најнови вести