Ѕвездата на Манчестер сити со прстен од 470.000 евра ја запроси девојката

Една од ретките фудбалски ѕвезди кои овој период уживаат во одморот е Ријад Марез. Алжирскиот репрезентативец и член на Манчестер сити го искористи периодот да замине на одмор на Миконос со својата девојка Тејлор Вард, каде што и подготви изненадување.

Марез со прстен вреден 470.000 евра ја побара за жена Тејлор, која е ќерка на некогашниот премиерлигашки играч Ешли Ворд. Ријад и Тејлор се во врска малку повеќе од една година, а неодамна купија имот вреден 2,3 милиони евра на којшто планираат да живеат заедно.

„Не постои подобра личност со која сакам да бидам на овој свет. Сакам да остареме заедно. Те сакам“, напиша Тејлор во објавата на „Инстаграм“, во која се пофали дека рекла „да“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TAYLOR WARD (@taylorwardx)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести