Еден од најдобрите кошаркари во екипата на Њујорк никс Џејлен Брансон, сака да освои шампионска титула со Мрежичките. За тоа колку верува во овој тим и сака со него да постигне успеси, Брансон покажа и со тоа што реши да се откаже од вистинско богатство кое можеше да го добие за верноста кој Њујорк.
Челниците на клубот подготвија максимален договор за Брансон вреден 269 милиони долари, но кошаркарот се согласи да потпише четиригодипен договор за „само“ 156 милиони долари. Со овој потег, Брансон едноставно се откажа од 113 милиони долари кои без проблем можеше да ги добие, но ако тоа се случеше, клубот ќе немаше доволно пари да доведе квалитетни играчи.
Full ESPN story on Jalen Brunson’s historic $156.5M extension with the Knicks https://t.co/iWAhly2G8I
— Adrian Wojnarowski (@wojespn) July 12, 2024
Њујорк во минатата сезона имаше многу проблеми со повредени играчи, но и покрај тоа, тимот играше во плејофот и го помина првото коло против Филаделфија. Потоа следуваше драматична серија против Индијана и на крајот беа елиминирани со 4:3 во победи. Во решавачкиот седми меч Њујорк играше без половина тим и загуби на свој терен во „Медисон сквер гарден“.