Можно ли е? Мекалум со шокантна изјава: Една третина НБА-кошаркари едвај преживуваат во кризата

Си-Џеј Мекалум изненади со изјавата дека околу 150 кошаркари во НБА-лигата се тешко погодени од кризата со Коронавирусот и дека живеат од платата месец за месец.

Изјавата на бекот на Портланд трејлблејзерс делува шокантно ако се знае дека минималната плата на годишно ниво во најсилната лига на светот е околу 900 илјади долари.

„Проблем е што има доста играчи што не ја очекуваа кризата, па мислам дека околу 150 од нив од вкупно 450 живеат со чекот од месец за месец. Има доста што имаат инвестирано пари, потоа и живеат со кредити, па иако можеби мојата изјава делува шокантно, мислам дека не сум далеку од вистината“, вели бекот на Портланд.

Просечната годишна плата во НБА-лигата за оваа сезона изнесува околу 7 милиони долари и изјавата на Мекалум изгледа како првоаприлска шега, но можно е да е точна, ако како што и тој самиот вели лошо го испланирате буџетот во криза што ја прекина НБА-лигата и ќе трае најмалку до почетокот на мај.

Токму таква најава има од Комесарот на НБА, Адам Силвер, дека сезоната нема да продолжи пред почетокот на мај.

- Оглас -

Најнови вести