Ѕвездата на Реал Мадрид се пофали со неверојатна тетоважа, изработката на ремек-делото траеше осум часа (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид по кратката пауза поради божиќните празници се вратија на тренинзите, а меѓу нив се вратија и Винисиус жуниор, Едуардо Камавинга и Дани Карвахал.

Навивачите се најсреќни поради враќањето на Винисиус жуниор кој се опорави од повредата, и добар дел од рехабилитацијата каде освен што се дружеше со НБА-ѕвездите, направи и фантастична тетоважа на грбот.

На тетоважата која е изработена на целиот грв се наоѓаат едни од најдобрите спортисти на сите времиња, Коби Брајант, Пеле, Мајкл Џордан и Мохамед Али, а покрај нив е стои зборот Менталитет.

Тетоважата ја изработи познатиот артист Ганга кој го тетовирал и Леброн Џејмс.
„Одлично е да се заврши 2023 годна со оваа тетоважа направена за осум часа на грбот на мојот брат Винисиус“, порача Ганга.

 

- Оглас -

Најнови вести