Ѕвездата на Рома се растажи по моќната фотографија: Те чекам на тренинг! (фото)

Главниот град Рим, како и цела Италија се во карантин откако оваа земја е најпогодена во Европа од пандемијата со Коронавирусот. Досега се забележани повеќе од 101.000 случаи на заразени со вирусот Ковид-19, додека има малку повеќе од 11.500 мртви. Улиците низ градовите се празни, речиси ништо не функционира освен маркети и аптеки и, секако, болниците кои деноноќно водат битка да ги спасат животите на граѓаните.

Италијанскиот весник „Кориере дела сера“ вчера стави насловна фотографија на која се гледа како дете само си игра со фудбалска топка на празните римски улици носејќи го дресот на младата ѕвезда на Рома, Николо Ѕаниоло. Италијанскиот репрезентативец не остана рамнодушен на моќната фотографија, па му порача на детето дека го чека во клупскиот тренинг-центар откако ќе заврши кризата.

„Оваа фотографија многу ме растажи. Не знам кој си, но знај дека се гордеам што го носиш мојот дрес. Знам дека сега е тешко и чудно да се игра сам на празните улици, но сакам да ми пратиш фотографија како си играш со другарчињата откако ќе заврши овој лош период. И да, ќе те чекам во „Тригори“ (тренинг-центарот на Рома)“, напиша Ѕаниоло на обајвата на инстаграм-профилот.

- Оглас -

Најнови вести