Ѕвездата на Сити го подари дресот на навивачи на Ливерпул (Видео)

Манчестер сити ги комплетираше сите најзначајни трофеи во англискиот фудбал, откако се радуваа во Суперкупот против Ливерпул. Дуелот заврши 1:1, но Граѓаните беа поуспешни по изведувањето на пенали, па сега Сити е шампион на Англија, освојувач на Лига Купот на ФА Купот и на Комјунити шилд трофејот.

Рахим Стерлинг го даде голот на Сити, за водство од 1:0 и беше еден од подобрите на теренот. По завршување на мечот, Стерлинг замина кај фановите на Ливерпул. Со тој потег, Стерлинг покажа дека уште ги цени навивачите на Ливерпул, но и тоа дека тие не го заборавиле него од времето кога напаѓачот играше за Ливерпул.

Англискиот репрезентативец, дебито во сениорскиот фудбал го направи како играч на Ливерпул во 2012 година, а на „Енфилд Роуд“ остана до 2015 година. Тогаш, за сума од 64 милиони фунти се пресели во Манчестер сити и веќе четири години е дел од Граѓаните.

Иако е играч на Сити, Стерлинг го соблече дресот и го даде на навивачите на Ливерпул, во знак на почит за тоа што тие уште не ги заборавиле неговите добри игри во црвениот дрес.

- Оглас -

Најнови вести