Ѕвездата на Вест Хем на СП во Катар замина со празен куфер, на враќање во него ќе го носел пехарот!

Англискиот репрезентативец Деклан Рајс е голем оптимист, и има големи планови за Мундијалот во Катар. Тој на СП понесе и еден празен куфер, а идејата му е на враќање од Катар, во куферот да го стави пехарот за освоената светска титула.

Англичаните уште од далечната 1966 година чекаат на светска титула, пред четири години во Русија беа полуфиналисти.

За да ја освојат титулата, прво мора да ја минат групата во која се големи фаворити за освојување на првото место, а ривали им се САД, Велс и Иран.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести