Тежок нокаут за Кајри Ирвинг, ѕвездениот тим никако да се екипира (Видео)

Ѕвездениот тим на Бруклин нетс никако да се екипира, а сега надвор од редовите може да биде Кајри Ирвинг, по нокаутот во дуелот со Никола Вучевиќ, ноќеска на дуелот меѓу Чикаго и популарните Мрежички.

Во скок за топка, Црногорецот многу незгодно со лакт го погоди директно во лице бекот на Бруклин и буквално го нокаутира. Кајри долго остана на паркетот, а потоа сам замина во соблекувалната и веќе не се врати на теренот.

Објавено е дека нема потрес на мозокот, но има оток на лицето и ќе треба да оди на дополнителен преглед за да се утврди колку ќе паузира.

Бруклин направи ѕвезден тим со ангажманот на Кевин Дурант и на Кајри Ирвинг, а потоа и со доведувањето на Џејмс Харден и Блејк Грифин, но никако сезонава да одигра во полн состав.

Дурант паузираше долго, во одреден период од сезоната не играше ниту Ирвинг, а моментно не настапува Харден. Сега можено е да му се приклучи и Ирвинг повторно, па Бруклин ќе го заврши регуларниот дел од сезоната со многу проблеми.

Рангирани се како први фаворити за титулата, но само ако успеат конечно да бидат сите фит и во плејофот да тргнат со сите ѕвезди што ги имаат во составот.

 

- Оглас -

Најнови вести