Ѕвездите на Бостон одморија, Вашингтон ги испрати со пораз на мегдан со Филаделфија

Главните ѕвезди на Бостон селтикс добија слободен ден како одмор пред стартот на првото коло од плејофот и дуелите со Филаделфија, што ги чинеше пораз што не боли од Вашингтон визардс.

Волшебниците славеа со 96:90 во последниот меч од регуларниот дел и за нив и за Бостон. Кошаркарите на Вашингтон нема да настапат во доигрувањето за титулата во НБА бидејќи завршија како десетти во Источната конференција.

Вечерва во победата против резервниот тим на Бостон до победа ги предводеше Том Брајант со 26 поени и 9 скока.

Браун постигна 17 поени и имаше 8 асистенции, а уште само Смит и Робинсон беа двоцифрени кај Вашингтон со 11, односни 10 поени.

Кошаркарите на Визардс си заминуваат од Флорида и ќе се подготвуваат за стартот на новата сезона.

Бостон останува и на 18 август ќе ја почне плејоф-серијата од првото коло во Источната конференција против Филаделфија 76.

Вечерва со 23 поени ги предводеше Џеф Грин, а во претежно резервниот состав на Келтите уште само Ојеџеле со 13 поени беше двоцифрен.

 

 

- Оглас -

Најнови вести