Ѕвездите на Далас растураат со голови во Торонто (Видео)

Хокеарите на Далас старс поведоа со 1:0 против Колорадо авеланш во полуфиналето во Западната конференција и повторно беа ефикасни со пет гола во мрежата на ривалот.

Александер Радулов постигна два гола и имаше една асистенција, а Џејми Бен му помогна со три прецизни додавања да се скроти опасниот тим на Колорадо и со победа од 5:3 да се почне плејоф серијата од второто коло.

Старс играат одлично во НХЛ балонот во Торонто и многу ефикасно и вкупно постигнаа 12 гола на последните два меча. Со победа од 7:3 ја завршија серијата од првото коло против Калгари, а во сличен стил со многу голови ја почнаа и пресметката за финале во Западната конференција против Колорадо.

https://twitter.com/NHL/status/1297331422617903107?s=20

Во НХЛ се игра до 4 победи, а почетокот беше подобар за Ѕвездите на Далас. Интересно е што двете екипи играа и лани во плејофот и беа елиминирани во оваа рунда, во полуфиналето на конференцијата со 4:3, Колорадо од Сан Хозе, а Далас од Сент Луис, екипа која потоа стана и шампион во НХЛ лигата.

 

- Оглас -

Најнови вести