Како што му доликува на најтрофејниот клуб – Севилја прва до следната фаза во ЛЕ

Севилја, најтрофејниот клуб со пет титули во Лигата на Европа, е прв учесник во следната фаза во ова натпреварување по победата против Дуделанж во Луксембург со 5:2.

Шпанскиот состав одигра одличен меч, но ги прими и првите голови во ова издание на Лигата на Европа. Мунир Ел Хадади постигна хет-трик, а два гола даде израелскиот репрезентативец Мунас Дабур, кој ќе игра против Македонија на 19 ноември во Скопје.

Вистински нокаут доживеа Лацио, а многу причини за славење имаат играчите на Селтик. Со голот на Нчам во 95-тата минута пак го победија Лацио со 2:1, овојпат во Рим, што им е историска и прва победа во еврокуповите против италијански состав на гостински терен.

И Селтик со победата во Рим се пласира во следната фаза, а таму е и Базел по триумфот против Хетафе, исто така со 2:1, вечерва на стадионот „Сент Јакоб“ во Базел.

Резултати, 4-то коло: Астана – АЗ Алкмар 0:5, Базел – Хетафе 2:1, Апоел – Карабах 2:1, Клуж – Рен 1:0, Дуделанж – Севилја 2:5, ФК Копенхаген – Динамо Киев 1:1, Краснодар – Табзонспор 3:1, Ласк – ПСВ 4:1, Лацио – Селтик 1:2, Лугано – Малме 0:0, Розенборг – Спортинг 0:2, Стандард – Ајнтрахт 2:1

- Оглас -

Најнови вести