
Македонскиот селектор Гоце Седлоски, по ремито 0-0 против Босна и Херцеговина, беше задоволен од залагањето на неговите фудбалери, а се надева и дека наскоро ќе ја прекинеме серијата без постигнат гол која е три меча по ред.
„Задоволен сум од залагањето, од трката што ја покажаа момците во текот на целиот натпревар кој се играше во една прекрасна атмосфера. Имавме две шанси кои требаше да ги искористиме, но и Босанците имаа шанси и погодија две стативи. Имавме четворица дебитанти, на следниот натпревар против Турција ќе добијат шанса и сите останати фудбалери. Нашата цел е да се подготвиме добро за новото издание на Лигата на нации и се надевам дека на следните мечеви ќе дојдат и голови“, рече Седлоски.
Тој им посака успех на балканските тимови на Светското првенство и рече дека на Мундијалот ќе навива за Хрватска и Босна и Херцеговина.

