Оклахома ја чека втор пораз, втора ноќ по ред во Лос Анџелес

Џа Морент (НБА, Мемфис гризлис – Голден стејт вориорс 02 часот)

Дебитантот на Мемфис игра одлично и брзо се адаптираше на НБА-лигата со супер просек за прва сезона од 18,4 поени и 6 асистенции.

Морент е првиот кошаркар бек-шутер во колеџ-лигата на САД, или популарната НЦАА, што имал просек во една сезона од над 20 поени и повеќе од 10 асистенции.

Раскошниот талент го презентира и во НБА-лигата откако во јуни годинава беше избран како втор пик на драфтот. И има интересна статистика во досегашните 10 меча на Мемфис.

Кога тој дава над 20 поени, Гризлис победуваат без исклучок, а тоа им успеа петпати сезонава. Ноќеска Морант може да ја мине границата од 17,5 поени против Голден стејт, тим што има многу проблеми со повредите и принудно речиси комплетно го смени тимот од ланската сезона.

Предлог тип: >17.5 поени (1.80)

 

Ерик Паскал (НБА, Мемфис гризлис – Голден стејт вориорс 02 часот)

На целата мака што ја има Голден стеј вориорс, барем некаква утеха е што го добија сензационалниот дебитант Ерик Паскал. Изборот како 11-ти пик во втората рунда на драфтот во НБА, во нормални околности ќе значеше дека крилото на воините ќе играше многу малку, а вака на некој начин му се отвори супер шанса да има голема минутажа бидејќи речиси половина ростер на Голден стејт е повреден.

И Паскал умешно си ја користи шансата, игра над очекувањата со многу солиден просек од 16,7 поени и 4,8 скока по меч.

Ноќеска повторно нема да игра првиот стрелец сезонава Деанџело Расел, па на некој начин Паскал доаѓа како прва опција во нападот на десеткуваниот тим на поранешниот НБА-шампион.

Паскал двапати сезонава во слични околности постигнуваше 30 или повеќе поени, па ќе типуваме дека и третпат ќе биде суперефикасен и дека ќе ја надмине границата од 18,5 поени што е поставена во додатокот за НБА-лигата во Sport Life.

Предлог тип: >18.5 поени (2.00)

 

Дрејмонд Грин (НБА, Мемфис гризлис – Голден стејт вориорс 02 часот)

Искусното моќно крило на Голден стејт игра прескромно за неговиот квалитет и во моменти кога тимот има огромни проблеми со повредите на Томпсон, Кари, Расел, па и Луни и кога веќе во составот го нема и Дурант, кој си замина, мора да игра многу подобро.

Дрејмонд има квалитет за да го предводи во моментов ултра младиот и неискусен тим на Воините, но засега тоа не се случува.

Имаше и тој проблем со повредите, па паузираше на 4 од вкупно 14 меча што ги одигра тимот од Оукленд. Мечот меѓу Мемфис може да биде пресвртница и за Грин и за Голден стејт, а очекуваме да го видиме во препознатлива форма од шампионските денови, кога речиси редовно бележеше дабл-дабл со поени и скокови.

Предлог тип: > 11.5 поени (1.80) 

 

Бади Хилд (НБА, Сакраменто кингс – Феникс санс 04 часот)

Сакраменто игра подобро и забележа пет победи, па сега е на скор од 5-7, што ветува подобри денови за Кралевите. Повредата на Деарон Фокс им е проблем, но затоа втората ѕвезда во тимот, Бади Хилд игра извонредно. Се работи за експлозивен бек-шутер што знае да погодува во серија, а на последните шест меча за Кингс редовно дава 20 или повеќе поени.

Вообичаено границата за него е околу 20 поени, но сега е малку крената на 22,5 поени во Sport Life токму поради фактот што не игра Фокс, па Хилд има и поголема минутажа и повеќе шутира, што ветува дека и по седми пат по ред ќе оди над 20 поени.

Очекуваме да биде ефикасен и против Феникс, тим на кој пред неполн месец му даде 28 поени во тешкиот пораз на Сакраменто од 95:124 од Сонцата.

Предлог тип: >22.5 поени (1.95)

 

Лос Анџелес лејкерс – Оклахома сити тандер (НБА, 04.30 часот)

Оклахома остана во Лос Анџелес и ќе го игра и вториот меч едноподруго во градот на филмот откако минатата ноќ загуби тесно од Клиперс со 90:88.

Кај Оклахома има доста промени во составот од ланската сезона, а си замина и главната ѕвезда на тимот Расел Вестбрук, но Тандер воопшто не играат лошо, иако имаат негативен биланс од пет победи и осум порази.

Проблем за нив е што ноќеска треба да играат со моментно најдобрата екипа во НБА, заедно со Бостон. Двете познати франшизи ан НБА се најтрофејни во историјата на Лигата и водечки во двете конференции со биланс 11-2.

Лејкерс се во серија од четири победи, Оклахома има три порази на последните четири меча, па јасно е кој е фаворит.

Сега, интересно, и улогите се сменија по последниот преоден рок, па тимот од Ел-Еј засилен со Ентони Дејвис е фаворит против Оклахома, од каде што си замина Рас Вестбрук.

Тука ќе типуваме дека домаќините ќе имаат предност на полувреме и дека ќе го добијат и мечот.

Предлог тип: 1-1 (1.45)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести