Ќе биде жешко на мраз – Ренџерс ќе победат во „Битката за Њујорк“

Њујорк ренџерс – Њујорк ајландерс (НХЛ, 01 часот)

Битката за Њујорк, како што ги нарекуваат хокеарските дуели меѓу Ренџерс и Ајландерс во САД, е со посебен шарм, а ноќеска ќе се одигра првиот меѓусебен меч на соседите во оваа сезона.

Ренџерс се основачи на НХЛ-лигата, како дел од „Оригиналните шест“, а Ајландерс се приклучија малку подоцна. Ривалитетот почна во 70-те години од минатиот век и трае речиси половина век. Ренџерс засега се поуспешни со 146 победи и 144 порази, а и двете екипи имаат титули во НХЛ-лигата.

Од 2001 година, во чест на Пат Ла Фонтејн, кој играше и за двете екипи во кариерата, се доделува и пехар на победникот во меѓусебната серија на овие два тима во секоја сезона.

Играат четири меча меѓу себе во ист циклус во регуларниот дел од шампионатот и подобриот тим добива пехар, а поразениот мора да уплати 50.000 долари во фондацијата Пат Ла Фонтејн.

Моментно Ајландерс имаат подобар биланс и со 58 бода се на четвртата позиција во Источната конференција. Ренџерс имаат 12 бодови помалку на 12-тото место.

Преклани во ноември со победа од 5:0, Ренџерите конечно успеаја да прекинат една многу незгодна серија од 8 порази по ред против големиот ривал, па и сега како домаќини се надеваат на нов успех. Голем адут им е одличниот Артеми Панарин, хокеар што е петторангиран на листата со најдобри стрелци и асистенти во НХЛ со 62 поени.

Одлично игра и Мика Зибанеџад, кој имаше и долга пауза поради повреда, ефикасен е и Рајан Стром, а Њујорк игра подобар дел од сезоната, по лошиот старт.

Ќе се обидеме со единица, иако според коефициентите Ајландерс се фаворити.

Предлог тип: 1 (2.75)

 

Дерик Роуз (НБА, Детроит пистонс – Њу Орлеанс пеликанс, 01 часот)

Ветеранот игра одлично во моменти кога Пистонс се десеткувани со многу повреди на дел од клучните играчи. Роуз постигна 20 или повеќе поени на 7 од последните 8 натпревари и се обидува да го влече погонот на поранешниот шампион, иако според резултатите на тимот тоа тешко му оди.

Детроит има многу проблеми и 11 порази на последните 14 натпревари. И ноќеска нема да игра Блејк Грифин, што е голем хендикеп за домашниот тим, па Роуз повторно ќе биде главен адут за победа. Го надиграа тимот на Њу Орлеанс во единствениот меѓусебен меч сезонава и славеа со 105:103. Роуз на тој дуел постигна 21 поен, а ќе типуваме дека ноќеска ќе биде поефикасен и ќе постигне барем еден поен повеќе.

Предлог тип: >21.5 поени (1.75)

 

Андре Драмонд (НБА, Детроит пистонс – Њу Орлеанс пеликанс, 01 часот)

Драмонд беше исклучен на последниот меч што го играа Пистонс, па поразот од Чикаго беше неминовен. Сега ќе се обиде да биде посмирен и заедно со Роуз и соиграчите да му ја донесе 15-тата победа сезонава на Детроит.

На спротивната страна под кошевите ќе се обиде да му парира осмиот пик од последниот драфт, Џексон Хејз, кој е талентиран кошаркар, но и неискусен. Ја игра првата сезона во НБА, па ќе му биде предизвик да се обиде да го сопре Драмонд.

Ние ќе типуваме дека нема да успее и дека еден од најдоминантните центри во НБА-лигата ноќеска ќе доминира под кошевите со учинок над 21 поен.

Предлог тип: >21.5 поени (1.87)

 

Шеј Гилџеус-Александер (Минесота тимбервулфс – Оклахома сити тандер)

Бекот на Оклахома има голем напредок во играта во втората сезона што ја игра во НБА-лигата. Во 2018 година како 11-ти пик на драфтот го одбра Шарлот и веднаш истата ноќ го испрати во Лос Анџелес клиперс.

Во првата сезона Шеј имаше просек од 10,8 поени, а повторно беше трампан и замина во Оклахома. Сезонава игра извонредно и просекот на поени му е речиси двојно повисок од ланскиот.

Се работи за извонреден потенцијал, Шеј има само 21 година и Оклахома доби одличен млад бек, кој и сега игра импресивно.

Лани одигра четири меча за Клиперс против Минесота и постигна вкупно 38 поени. Сезонава има сосема поинаква приказна и на единствениот меч што го одигра против Волците како член на Оклахома им уфрли 29 поени.

Очекуваме слична приказна од Гилџеус-Александер и ноќеска ќе типуваме дека ќе ја мине границата од 20 поени.

Предлог тип: >20.5 поени (1.90)

 

Денис Шрудер (Минесота тимбервулфс – Оклахома сити тандер)

На Шрудер му одговараат противници што играат брза кошарка, стил на игра во која германскиот репрезентативец одлично се снаоѓа.

Такви беа последните дуели меѓу Минесота и Оклахома, возбудливи, неизвесни и со многу кошеви. Шрудер е во конкуренција да биде избран за најдобар шести играч во Лигата со просек од 18,3 поени, што за резерва е импресивен учинок.

На последните два меча против Минесота постигна 25 и 21 поени, па очекуваме хет-трик и нова ефикасна и добра претстава од Шрудер.

Предлог тип: >18.5 поени (1.95)

 

- Оглас -

Најнови вести