Пелистерци го разбија исцедениот ТФТ

Пелистер преубедливо го порази енергетски истрошениот ТФТ со 105-69 во меч од кошаркарската Суперлига и ја остави отворена трката за првото место кое носи предност на домашен терен во полуфинале и финале на плејофот.

ТФТ пред само два дена имаше тешко гостување во босанскиот рад Широки во финалето на АБА 2 лигата, па патувањата и фокусот на тоа натпреварување го зедоа данокот. Плус тоа, вечерва во Битола не играше едниот од Американците (Гордон) кај Црно-белите и ТФТ беше немоќен да направи нешто повеќе против тимот кој ќе биде трети на конечната табела и во полуфиналето ќе игра со вториот.

ТФТ има еден бод повеќе од МЗТ Скопје Аеродром. Во последните две кола, ТФТ игра со четвртиот Маџари дома и Кожув на гости, и ако ги дбие двата меча, ќе ја грабне „единицата“. На тимот на Боро Смилковски в среда му претстои и вториот меч од финалето во регионалната АБА 2 лига.

- Оглас -

Најнови вести