Бразил ќе биде противник на македонските ракометарки на училишното СП

Македонските кадетки ќе играат против Бразил во четвртфиналето на Светското првенство во училишен ракомет.

Натпреварот се игра на в недела во салата „Македонски херои“ во склоп на средното Фискултурно училиште во Скопје, со почеток во 10.30 часот. Во четвртфиналето Македонија се пласира со максимални три победи, славеше против Бугарија, Грузија и Словачка. Максимален број на бодови (6) покрај Македонија, освоија уште Романија, Хрватска и Турција.

Што се однесува до машката репрезентација на Македонија, в недела го игра последниот натпревар од групната фаза против Саудиска Арабија од 12.30 часот во салата „Македонско Сонце“.

Утре е слободен ден, сите делегации се подготвуваат за „Вечер на Нации“, настан кој ќе се одржи во хотелот „Холидеј Ин”, со почеток во 19 часот, а целта ќе биде промоција на културните вредности на делегациите – учесници на Светското училишно првенство во ракомет, преку претставување на нивната традиција, обичаи и културен идентитет. Светското училишно првенство во ракомет е прв ваков голем настан што се одржува во Македонија, а истиот е во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија.

- Оглас -

Најнови вести