Екипата на Нотингам форест продолжува да чекори кон опстанок во Премиер лигата, откако во минатото коло му даде четири гола на Барнли, вечерва има предност од 4-0 уште на полувремето на гостувањето кај Сандерленд.
Претходен пат кога Нотингам дал четири гола во прво полувреме беше во далечната 1994 година против Ипсвич.
Ако Форест победи, а речиси сигурно ќе победи, тоа се лоши вести за лондонските тимови Тотенхем и Вест хем. На четири кола до крај, Шумарите ќе имаат осум бодови плус пред Тотенхем кој е загрозен, а има и меч помалку.

