Монако ја елиминираше Барса, познати сите парови за плејофот во Евролигата

Монако ја победи Барселона со 79-70 во мечот од плејин разигрувањето по кој се познати сите четвртфинални двојки за плејофот во Евролигата.

Оваа победа на Монако значи дека тие во плејоф влегуваат како осми, па четвртфинален ривал ќе им биде Олимпијакос кој беше првопласиран на табелата во регуларната лигашка сезона.

Освен Олимпијакос – Монако, другите парови за четвртфиналето кое ќе се игра во три добиени, се Валенсија – Панатинаикос, Реал Мадрид – Хапоел Тел Авив и Фенербахче – Жалгирис.

- Оглас -

Најнови вести