Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, би можел по трети пат да го преземе лондонски Челзи.
Позицијата менаџер на Челзи остана празна по отуштањето на Лиам Росениор, а британски новинари објавија дека меѓу кандидатите за трајно решение од следната сезона е и 63-годишниот Португалец, кој има постоечки договор со Бенфика.
Мурињо има историја со Челзи, а поседува и имот во близина на стадионот „Стемфорд Бриџ“. Португалскиот тренер двапати во минатото го држеше кормилото на Сините. Во неговиот прв мандат (2004–2007 година) им донесе на лондончани две титули во Премиер лигата, а во вториот мандат (2013–2015), Мурињо им помогна да ја освојат една титула во Премиер лигата. Има и неколку куп трофеи, па тој е еден од најуспешните менаџери во историјата на клубот.
Во договорот со Бенфика има клаузула која му дозволува на Мурињо летово да ја напушти Бенфика бесплатно, но тој рок е само десет дена по последниот натпревар на лисабонскиот клуб во сезоната, закажан за 16-ти или 17-ти мај. После тоа, ќе треба да се плати отштета.

