Лацио ќе блеска и против Кремонезе во Купот на Италија

Наполи – Перуџа (Италијански куп, 15 часот)

Наполи веројатно нема да калкулира по трите порази во последно време, па ќе се обиде да се пласира во четврт-финалето на Италијанскиот куп.

На Наполитанците не им цутат рози, а Џенаро Гатузо е во ситуација да има императив да победи ако сака да остане на клупата на вицешампионот. Секој поинаков исход може да го доведе и клубот и тренерот во нова хаотична ситуација.

Перуџа не е наивен ривал, иако е второлигаш, па ова ќе биде тежок меч за фаворитот. Гостите ги предводи Масимо Одо, па ќе гледаме и дуел на двајца поранешни италијански репрезентативци, сега во улога на тренери на Наполи и Перуџа.

Предлог тип: Х-1&2-5 гола (5.70)

 

Лацио – Кремонезе (Италијански куп, 18 часот)

Лацио е во страшна форма и гази сè пред себе, а Лацијалите денеска ќе имаат и посебни мотиви. Тие се актуелни бранители на пехарот во Купот и нема да си дозволат луксуз да испаднат од второлигашот Кремонезе.

Клубот од Рим има 10 победи по ред во Серија А, што е најдолгата актуелна низа од триумфи во Италија. Можно е Симоне Инзаги да одмори дел од стандардните играчи, пред сè Чиро Имобиле, кој е прв стрелец во Серија А со 20 гола.

Сепак, квалитетот е апсолутно на страната на прволигашот, без разлика со кои играчи ќе настапи, а и моментот, односно формата е голем адут на Лацијалите за убедлива победа против Кремонезе.

Предлог тип: 1&4+ (1.96)

 

Интер – Калјари (Италијански куп, 20.45 часот)

Интер има 7 титули во Купот и заедно со Лацио го делат третото место на вечната листа, зад рекордерот Јувентус со 13 пехари и Рома, која 9 пати беше победник.

Калјари нема ниту еден трофеј во најмасовното натпреварување во Италија, па сигурно ќе се обиде да го изненади Интер. Клубот од Сардинија по долг период има конкурентен тим што ќе се бори за место кое гарантира настап во еврокуповите.

Интер ја нема освоено титулата на Купот од сезоната 2010/11, а Нераѕурите ќе се обидат да ја искористат еуфоријата која се создаде сезонава кај симпатизерите на „сино-црната“ боја.

Интер има големи амбиции, тука сигурно се смета и на атак на пехарот во Италијанскиот куп, па домаќините се фаворити.

Предлог тип: 1Х&ГГ (2.07)

 

Транмере – Ватфорд (ФА куп, 20.45 часот)

Транмере нема победа на последните шест меча во сите конкуренции, но приреди невиден подвиг на првиот меч од ФА купот против Ватфорд.

Членот на Лига 1 во Англија губеше со 0:3 од премиерлигашот Ватфорд само по 34 минути игра и кога се очекуваше катастрофален пораз, тие направија чудесен пресврт.

Во второто полувреме од 65-тата до 87-мата минута постигнаа три гола и се изборија за повторен меч, сега на свој терен.

„Прентон парк“ вечерва ќе биде полн, а се очекува голема поддршка за Транмере во обидот да го елиминира фаворитот. Ватфорд е во добра форма, има серија од шест меча без пораз, па мечот со Транмере ќе биде интересен. Типуваме дека повторно ќе има голови.

Предлог тип: ГГ&3+ (2.00)

 

Тотенхем – Мидлсбро (ФА куп, 21.05 часот)

Тотенхем ќе се обиде од втора да го елиминира Мидлсбро и да продолжи во следната рунда во националниот куп на Англија. Првиот меч заврши нерешено, 1:1, а вечерва во Лондон мора да има победник.

Избраниците на Жозе Мурињо се во лоша серија од четири меча без победа, а имаат и многу кадровски проблеми. Најголем хендикеп им е повредата на најдобриот стрелец Хари Кејн, а надвор од редовите се и голманот Љорис, Ндомбеле, Сисоко, Дејвис…

Гостите ги предводи Џонатан Вудгејт, поранешен играч на Тотенхем, a помошник му е Роби Кин, кој исто така настапуваше за клубот од Лондон, па ќе биде интересно да се види дали Мидлсбро има капацитет за изненадување.

Предлог тип: Х-1&2-5 гола (5.60)

 

Во стандардната дневна понуда со специјални коефициенти во Sport Life можете да ги одиграте следните три натпревари:

Лацио – Кремонезе (Италијански куп, 20.45 часот)

Предлог тип: Т1 2+&ГГ (2.40)

Тотенхем – Мидлсбро (ФА куп, 21.05 часот)

Предлог тип: 1-1&2+ (2.10)

Бенфика – Рио Аве (Португалски куп, 22.15 часот)

Предлог тип: 1&3-6 гола (1.90)

 

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести