Јута и Голден стејт ќе ја затворат серијата со ефикасен меч

Крис Пол (НБА, Орландо меџик – Оклахома сити тандер, 01 часот)

Оклахома игра солидна сезона, а допрва има потенцијал за уште подобри резултати и остварување на целта – настап во плејофот.

Добро за Тандер е што се разигра ветеранот Крис Пол, кој сè уште е еден од најдобрите плејмејкери во НБА-лигата, иако веќе влезе во 35-тата година од животот.

Во последно време Пол игра одлично и во дерби-дуелите со Портланд и Хјустон постигна вкупно 58 поени. Импресивен му беше настапот против поранешниот клуб Хјустон, кога со 28 поени ја предводеше Оклахома до голем пресврт и победа на гостински терен.

Бекот на Тандер одигра еден меч против Орландо како член на Оклахома и постигна 20 поени, па очекуваме дека лесно ќе ја мине границата од 16,5 поени и ноќеска.

Предлог тип: > 16.5 поени (1.75)

 

Кендрик Нан (НБА, Мајами хит – Вашингтон визардс, 01.30 часот)

Бекот на Мајами е едно од најпријатните изненадувања во НБА-лигата и во првата сезона што ја игра во најсилната лига на светот прикажува одлични партии баскет.

Нан не беше драфтуван во НБА-лигата и игра за минималец од 1,4 милиони долари по сезона, а Мајами си доби џекпот. Има просек од 16,3 поени, што е фантастично за дебитант и за кошаркар што не беше на радарот на најсилните клубови на планетата, па и не беше на драфтот минатата година.

Ноќеска Нан ќе биде првата игла во нападот на Хит бидејќи е најавено дека првата ѕвезда на тимот Џими Батлер нема да игра. Кендрик игра посебно добро во последните десеттина дена и на пет меча постигна вкупно 118 поени, или во просек 23,6 поени по меч.

Играта на Вашингтон, екипа што практикува брза и ефикасна кошарка, му одговара на Нан и очекуваме нов добар меч на бекот на Мајами.

Предлог тип: > 17.5 поени (2.00)

 

Њу Орлеанс пеликанс – Сан Антонио спарс (НБА, 03.30 часот)

Ноќеска ќе се играат дури 12 меча во НБА-лигата, а фокусот ќе биде насочен кон „Смути Кинг центарот“ во Њу Орлеанс. Се очекува да дебитира првиот пик на драфтот Зион Вилијамсон, кој е подготвен за настап по паузата поради операција на коленото.

Пеликанс од талентираниот центар очекуваат многу, па ќе биде интересно да се види како ќе ја почне НБА-кариерата. Можно е да има ограничена минутажа во сефте настапот во најсилната лига на светот, но добро е и за НБА, а посебно за Њу Орлеанс што конечно ќе има можност да се претстави пред публиката и симпатизерите на најсилната лига на светот.

Кај Пеликанс се врати по повредата и Џру Холидеј и одигра фантастично против Мемфис гризлис, што е знак за уште поголем оптимизам за екипата што има одличен потенцијал. Имаат 11 победи на последните 16 меча, а ноќеска ќе им гостува еден од конкурентите за место во плејофот.

И Сан Антонио игра подобро во овој период и има биланс 14-12 од ноември, кога влезе во лоша серија од 8 порази.

И двете екипи играат ран-енд-ган кошарка, па се очекува супер ефикасен меч.

Предлог тип: > 236.5 поени (1.85)

 

Голден стејт вориорс – Јута џез (НБА, 04 часот)

Јута има ретка можност да ги добие сите четири меѓусебни дуели со Голден стејт во иста сезона. Џезерите моментно водат со 3:0 и ноќеска ќе го играат последниот меч од актуелниот циклус во НБА против некогашниот шампион.

Мичел, Богдановиќ и соиграчите имаат шанса за популарната „метла“ против Воините, нешто што Јута не успеала да го стори во последните 10 години.

Приказната за Голден стејт е веќе позната, имаат огромни проблеми со повредите на клучните играчи, а неизвесни за настап против Јута сега се и Дрејмонд Грин и Глен Робинсон Трети.

Данокот на проблемите речиси сигурно ќе биде лоша сезона без настап во плејофот. Голден стејт има само 10 победи и дури 35 порази и ноќеска е аутсајдер против Јута, но успеа на Џезерите да им префрли стотка на сите три меча сезонава и покрај трите порази.

Ќе типуваме дека и во последниот меѓусебен меч на двете екипи во оваа сезона ќе се игра ефикасно, со над 101 поен на двете страни.

Предлог тип: Т1&T2 > 101.5 поени (1.75)

 

Минесота вајлд – Детроит редвингс (НХЛ, 02 часот)

Минесота може сè уште да се надева на плејоф, за разлика од Редвингс, кои се најслабиот тим сезонава во НХЛ и веќе немаат шанси за некаков значаен исчекор, а ниту за пласман во доигрувањето.

И двете екипи во последно време играат многу ефикасен хокеј, а особено атрактивна е Минесота со 21 постигнат гол на последните четири натпревари, што е одличен просек од над пет погодоци по меч.

Детроит нема што да калкулира, за нив премија ќе биде ако успеат да не бидат последни во лигата, а Минесота мора да игра само на победа, бидејќи веќе заостанува за 7 бода во трката за место меѓу осумтте најдобри во Западната коференција.

И последните меѓусебни дуели на двете екипи беа ефикасни, па ќе типуваме дека и ноќеска ќе има најмалку 6 погодоци.

Предлог тип: > 5.5 гола (1.70)

 

 

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести