Веста дека шпанскиот тенисер Карлос Алкараз ќе мора да го пропушти „Ролан Гарос“ поради повреда, го става Јаник Синер во улога на прв фаворит за освојување на парискиот гренслем.
Синер го нема освоено „Ролан Гарос“, а ова ќе му биде добра шанса, бидејќи Алкарас го освојуваше тој турнир во 2024 и 2025 година. Шанса за толку посакуваната 25-та гренслем титула ќе има и Новак Ѓоковиќ, а светскиот рекет број 1, Синер, реагираше на откажувањето на Шпанецот.
„Навистина е тешко со ваков тип на повреди, зглобот на раката е важен за нас тенисерите и мора да се лечи полека. Тажно е за тенисот, Карлос е бранител на титулата, ова се лоши вести, не ја очекував. Му посакувам што побрзо да се опорави, се надевам дека ќе игра на Вимблдон“, рече Синер.

