Гриезман ја спаси Барселона од голем срам (Видео)

Третолигашот Ибица беше на прагот на сензација на векот, но прими два гола во последните 20-тина минути и е елиминиран од големата Барселона во меч од шпанскиот куп.

Со голот на Кабалј, домаќините водеа со 1:0 од деветтата минута и се држеа одлично до 72-рата минута.

https://twitter.com/GoalsGaloreVids/status/1220047137150468096?s=20

Барселона се мачеше, немаше ниту еден удар кон голот на третолигашот цел час, но Антоан Гриезман се погрижи да нема изненадување. Со двата гола во 72-рата минута и во судиското продолжени,е францускиот репрезентативец на Барселона ѝ обезбеди осминафинале.

- Оглас -

Најнови вести