Специјалните додатоци за ракометот во Sport Life се побогати од кога било

Норвешка има шанса првпат да освои медал на машко Европско првенство во ракомет, а сефтето ќе го има ако ја победи Хрватска во денешното полуфинале во Стокхолм од 18 часот. Хрватите имаат две сребра и три бронзи, па го чекаат првото злато. Пред четири години, Хрватска ја победи Норвешка во дуел за третото место.

Во 14-те меѓусебни дуели, Хрватска победила осум пати, четири триумфи има Норвешка, двапати било нерешено. Двата тима немаат пораз на годинешното ЕП.

Во осумте меча, Норвешка имаше осум победи, а Сагосен има 51 гол и му фалат десет погодоци за да го стигне рекордот на Кирил Лазаров од 2012 година по бројот на голови на едно ЕП. Кај Хрватска, која има седум победи и едно реми со Шпанија, најефикасен е Карачиќ со 29 гола.

Богатата лепеза на игри за обложувачите во Sport Life ви нуди бројни шанси да направите добитен тикет.

За дуелот Норвешка – Хрватска, има многу игри кои може да се комбинираат меѓу себе, но може да типувате и на тоа кој ќе биде финалист, без разлика дали ќе заврши по регуларен дел, продолженија или пенали. Оваа игра не може да се врзе со другите.

Норвешка е фаворит, квотата за нивна победа е 1.55, а дека ќе играат финале е 1.40. За Хрватска квотите се 3.50 за победа во регуларен дел и 2.80 дека ќе влезе во финале на каков било начин.

Можете да типувате и на двојна шанса, колкава ќе биде разликата (има два хендикепи), како ќе заврши првото полувреме, како ќе биде на полувреме и крај.

Тука се и игрите на голови. Можете да погодувате кој прв ќе даде гол, кој последен ќе даде гол, прво и последно исклучување, прв и последен седмерец. Во понудата има и да погодите колку вкупно ќе има седмерци и исклучувања и за секој тим посебно.

Игрите кој прв ќе дојде до 3, 5, 7 или 10 гола, или кој тим ќе победи со колку голови разлика (се нудат повеќе опции и може да бирате), исто така имаат убави квоти.

Има игра и во кое полувреме ќе паднат повеќе голови и дали Хрвтска и Норвешка ќе дадат повеќе или помалку од 22 или 25 гола.

Од поединците, најмногу голови се бараат од Сагосен. Границата кај него е 6,5 гола. За Јондал е 4,5, а во понудата има уште петмина Норвежани. Кај Хрватите нема играч кој отскокнува, по минимум 3,5 голови се бараат од Циндриќ, Дувњак, Хорват, Степанчиќ и Карачиќ. И оваа игра не може да се врзува со мечот од редовната понуда, а ако некој ракометар не влезе во игра, за него се пресметува коефициент 1.

Не се земаат предвид евентуалните продолженија, ниту пак пеналите, туку важат само регуларните 60 минути.

Проверете го специјалниот додаток во Sport Life и за другото полуфинале Шпанија – Словенија.

- Оглас -

Најнови вести