Фудбалско чудо во Германија: Град од 13.000 жители ќе има бундеслигаш! (Фото)

Малиот германски клуб Елверсберг испиша историја и за првпат во својата историја ќе игра во Бундеслигата. Екипата која доаѓа од градче со само 13.000 жители успеа да ја заврши сезоната од соништата на второто место со 62 бода и да обезбеди пласман во најквалитетната германска лига.

Елверсберг го започна својот пат во ниските германски лиги, а пласманот во втората Бундеслигата беше оценет како историски успех. Сепак, тоа не беше лимитот на овој амбициозен проект, па денес со победата од 3-0 над Минстер го сочуваа второто место и заедно со Шалке од следната сезона ќе играат во Бундеслигата.

 

- Оглас -

Најнови вести