Барселона испиша историја: Победа над Бетис за максимален скор на домашен терен (Видео)

Фудбалерите на Барселона испишаа историја откако успеаја да победат и на 19-тиот меч оваа сезона во Ла лига, нешто кои до сега не ѝ успеало на ниту една друга екипа.

„Каталонците“ славеа со 3-1 против Бетис. Два гола беа дело на Рафиња, во 28-мата минута од слободен удар и нво 62-рата минута.

Бетис намали на 2-1 во 69-тата минута со голот на Иско од пенал, а Кансело во 74-тата минута ги постави конечните 3-1.

Мечот против Бетис беше последен за Роберт Левандовски во дресот на Барселона пред домашната публика, а „каталонците“ до подвигот од 19 победи на 19 натпревари дојдоа играјќи на три различни стадиони како домаќини оваа сезона.

- Оглас -

Најнови вести