Лион знае брзопотезно да го победува Тулуз

Лион – Тулуз (Лига 1 Франција, 15 часот)

Лион мора да го победи фенерџијата во Лига 1, ако сака да фати приклучок кон позициите кои носат европски настап. Лавовите од Жерлан имаат скромна сезона за тим што е најтрофеен во Франција во овој милениум и не смеат да си дозволат нов кикс против послабопласираните екипи од нив.

Тулуз е во најтешка криза од постоењето на клубот и има 11 порази по ред во сите натпреварувања во Франција. Два од нив во таа низа им се токму од Лион. Загубија во првиот дел од првенството со 2:3 на домашен терен, а потоа на гости беа поразени од Лион со 4:1. На тој меч домаќините водеа со 2:0 по само 17 минути игра, а слично сценарио е можно и на денешниот меч.

Тулуз се уште нема победа на гостински терен на десет гостувања сезонава. Во клубот владее криза што достигна размери дури и голманот Баптист Рејне да одбива да тренира, по купувањето на нов голман, што само потврдува во каков хаос се наоѓа клубот што годинава слави 50-годишен јубилеј.

Како поткрепа на нашиот тип е податокот што на последните три меча меѓу овие две екипи во Лион, домаќинот постигнуваше најмалку два гола во првото полувреме.

Предлог тип: Т1 2+ прво полувреме (3.25)

 

Шпанија – Хрватска (Финале ракомет, ЕП 2020, 16.30 часот)

Големото финале ветува и голема битка на две по многу ракометни критериуми изедначени репрезентации. Ќе одлучуваат нијанси, како што тоа беше и на првиот меч што двете селекции веќе го одиграа на турнирот и заврши нерешено 22:22.

Шпанците се актуелни шампиони и имаат шанса да станат само втората репрезентација по Шведска што успеала да ја одбрани круната. Црвената фурија е искусна, со просек од 30 години и највозрасната репрезентација на турнирот, но и тоа не им пречеше без пораз да стасаат до финалето.

Пораз немаат ниту популарните „Каубои“, а тоа што ги краси Хрватите е неверојатно добрата одбрана. Примија најмалку голови од сите репрезентации во двете фази по групи, а им најдоа лек и на навидум топ-фаворитите за златото, Норвежаните, со челична одбрана во полуфиналето.

За љубителите на статистиката добар е податокот дека на 5 од вкупно 7 финалиња што комбинирано ги играле двете репрезентации досега на ЕП (Пет Шпанија и две Хрватска) дури пет завршиле со помалку голови од границата од 51.5 гол колку што е во понудата на Sport Life.

Очекуваме тврд меч со малку голови, во кој влогот е многу голем, па ќе типуваме минус 51.5 погодок.

Предлог тип: < 51.5 гола (1.80) 

 

Баер Леверкузен – Фортуна Диселдорф (Бундеслига Германија, 18 часот)

Баер може да го искористи поразот на Шалке 04 и да се искачи на петтата позиција од која поблиску може да се нападне место во квартетот најдобри што ќе играат во Лигата на шампионите следната сезона.

Популарните „фармацевти“ имаат извонреден биланс во дуелите со Фортуна и забележаа 7 победи по ред, сметајќи ги и пријателските мечеви.

Екипата од Диселдорф не го победила Баер во последните 10 години. Домаќините имаат поквалитетна екипа од фенерџијата во Бундеслигата и според нас ќе победат сигурно на „Бај арена“ во Леверкузен.

Предлог тип: 1 (1.40)

 

Наполи – Јувентус (Серија А Италија, 20.45 часот)

Наполи во последно време е главниот конкурент на Јувентус во домашниот шампионат, но не успеавше да ја прекине осумгодишната доминација на Старата дама.

Ситуацијата комплетно се промени сезонава и Наполи е поблиску до битка за опстанок, отколку до горниот дел на табелата. Се уште имаат тим за респект, но ги мачат повреди на клучните играчи и лоша атмосфера.

Познати се проблемите на релација сопственик – играчи што доведоа до смена на тренерот Карло Анчелоти. Го наследи Џенаро Гатузо, кој нема искуство за да се справи со недисциплината на дел од фудбалерите, но и со преголемите апетити на контроверзниот газда Аурелио Де Лаурентис.

Патем, вечерва против актуелниот шампион и лидер во Серија А, Наполи ќе игра без Мертенс и Кулибали, кои се многу важни алки во составот на вицешампионот.

Јувентус ги доби последните три меча против Наполи и типуваме дека ќе слави и четврти пат по ред.

Предлог тип: 2 (2.10)

 

Валјадолид – Реал Мадрид (Ла Лига Шпанија, 21 часот)

Како да се справите со клуб што е најтрофеен во Европа, а има десет меча без пораз во меѓусебните дуели, е прашањето што ги мачи сите во таборот на Валјадолид.

Кралскиот клуб доаѓа на „Зорилја“ во многу незгоден момент за домаќините, кои се во серија од 8 меча без победа во Ла Лига.

Патем го немаат победено Реал од 2008 година, а на последните 10 меча со кралскиот клуб имаат 8 порази и само двапати успеаја да ремизираат.

На „Зорилја“ секогаш е тешко да се игра за гостинските екипи во Шпанија, но Реал е во многу подобра форма од Валјадолид и со победа има шанса да и побегне на Барселона за три бода на врвот на табелата. Реал тешко пропушта вакви шанси и очекуваме да ги освои бодовите.

Предлог тип: 2 (1.46)

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести