По нотите на традицијата – Сончево дерби на Флорида со малку кошеви

Дерик Роуз (НБА, Детроит пистонс – Кливленд кавалирс, 01 часот)

Роуз е во старата препознатлива форма и си го урна сопствениот рекорд со 12 меча по ред на кои постигнува 20 или повеќе поени.

Бекот на Детроит ќе има помош од Реџи Џексон, кој се врати по повредата, па и на Роуз ќе му биде полесно, но и ќе има поголема минутажа ако Тони Снел не игра како што е најавено.

Роуз сè уште е еден од најдобрите бекови во Лигата и повторно лесно може да ја мине границата од 20 поени. Му лежи играта на Кливленд, екипа на која на последните два меча ѝ даде вкупно 51 поен.

Предлог тип: >21.5 (1.75)

 

Андре Драмонд (НБА, Детроит пистонс – Кливленд кавалирс, 01 часот)

Драмонд игра одлично против Кливленд, а со негова помош Детроит ќе се обиде по третпат да го победи ривалот од Источната конференција и да ја затвори серијата на меѓусебни дуели со резултат 3:1.

Андре е еден од најдоминантните центри во НБА-лигата и игра солидно и во оваа сезона. Има дабл-дабл просек од 17,3 поени и 15,8 скока, што го вклучува во редот на најдобрите на позиција пет во лигата.

Особено добро играше сезонава на трите меча против Кливленд и има просек од 22,7 поени. Очекуваме и ноќеска да биде на тоа ниво и да ја мине границата од 17,5 поени, колку што за него е индивидуалниот тотал во додатокот за НБА во Sport Life.

Предлог тип: > 17.5 поени (1.87)

 

Мајами хит – Орландо меџик (НБА, 01.30 часот)

Сончевото дерби на Флорида, како што ги нарекуваат дуелите на двата локални ривали, секогаш се со посебен интензитет. Одиграа еден меч сезонава и Орландо го растури Мајами со 20 поени разлика.

Меџик водат со 1:0 во серијата, а и лани беа подобри со 3:1, па некако во последно време им оди против Мајами хит.

Домаќините имаат голем адут и сезонава играат извонредно на свој терен. На мечевите во „Американ ерлајнс арената“ имаат биланс од 20-2, што е исклучително добар ефект.

Ривалитетот е голем, а и двете екипи имаат проблеми со повредите пред второто дерби на Флорида. Кај Мајами речиси сигурно нема да играат Драгиќ, Нан и Винслоу, а неизвесен е и настапот на Батлер.

Кај Орландо, Ајсак, Огустин и Амину се надвор од редовите. Очекуваме тврд меч со малку кошеви и ќе типуваме на минус 213.5 поени.

Предлог тип: < 213.5 поени (1.67)

 

Ламаркус Олдрич (НБА, Чикаго булс – Сан Антонио спарс, 02 часот)

Олдрич е веќе ветеран во НБА-лигата, но и на 35-годишна возраст сè уште е еден од најдобрите играчи што може да игра и како моќно крило и како центар.

Искуството, но и големиот квалитет му дозволуваат успешно да се натпреварува и на двете позиции. Знае да погоди и тројка, ги познава сите елементи на кошарката и сè уште е Олстар-калибар во НБА-лигата.

Чикаго има проблем токму под кошевите бидејќи поради повреда не им игра ланскиот пик број 7, Вендел Картер, па ќе го замени Лук Корне, играч со скромен потенцијал.

Олдрич е многу подобар во сите елементи под кошевите од Корне и очекуваме дека ќе биде ефикасен и ќе си го поправи просекот од 19,1 поен што го има сезонава.

Предлог тип: >18.5 поени (1.80)

 

Крис Пол (НБА, Оклахома сити тандер – Далас маверикс, 02 часот)

Оклахома е во серија од пет победи по ред, а со многу талентираната екипа успешно диригира ветеранот Крис Пол. Кога 35-годишниот бек игра добро, Тандер немаат мака да победуваат.

Пол имаше серија скромни настапи на почетокот на овој месец, но во финишот игра одлично. На последните пет меча просекот му е 24 поени, многу повеќе од сезонскиот што изнесува 17,2 поени.

Мечот против Далас е исклучително важен за Оклахома и ако успеат третпат по ред да слават во дуелите со клубот од Тексас, ќе го престигнат по бројот на победи. Пол е главната алка во тимот што е во топ-форма и очекуваме да одигра уште еден меч во својот препознатлив стил.

Предлог тип: > 16.5 поени (1.87)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести