Ракетите со ниска петорка не можат да летаат високо

Вашингтон визардс – Чикаго булс (НБА, 01 часот)

Вашингтон има четири порази во серија од Чикаго, сите во тесни мечеви и со мала разлика. Ноќеска во својата „Капитол Уан арена“ ќе се обидат да ја сопрат серијата и да останат во плус во февруари. Месецов имаат две победи и два порази, што и не е толку лошо за тим со вкупен биланс од 18 победи и 33 порази.

Чикаго има една победа повеќе, но и пет порази по ред. Булс се мачат со повреди на клучните играчи во незгоден период од сезоната. Марканен, Картер, Дан и Портер сигурно нема да играат, а неизвесен е и настапот на резервниот кошаркар Валентајн.

Со вакви проблеми скромниот состав на Чикаго тешко излегува на крај, па и ноќеска е аутсајдер. Победата во овој меч е многу важна за да се остане во трка за настап во плејофот, а ќе типуваме на победа на домашниот тим.

Предлог тип: 1 (1.77) Супер тип на Sport Life

 

Оклахома сити тандерс – Сан Антонио спарс (НБА, 02 часот)

Оклахома игра импресивно и во новата година има биланс од 15 победи и само пет порази. Громовниците се пробија до шестото место во Западната конференција и ако продолжат во овој ритам, можат да ја нападнат и четвртата позиција, што носи предност да се игра на домашен терен во првата фаза од плејофот.

Квартетот Пол-Гилџиус Александер-Галинари-Шрудер потпомогнати од ветеранот Адамс играат како по ноти во 2020 година, а според учинокот од 8-2 се најдобрата екипа во последните 10 меча.

Сан Антонио е во сосема спротивен тренд и бележи голем пад со пет порази по ред и само 2 победи на последните 10 меча.

Шансите за плејоф не се загубени за Мамузите, но мора драстично да ја подобрат формата. Оклахома во моментов не е екипа за вадење и типуваме дека ќе победи, и тоа по третпат со пресврт против Сан Антонио.

Предлог тип: 2-1 (6.05)

 

Хјустон рокитс – Бостон селтикс (НБА, 03.30 часот)

Хјустон во моментов е најинтересниот концепт во НБА. Ракетите ја имаат најниската петорка во лигата и играат без класичен центар.

Таа улога му припадна на Роберт Ковингтон, засилувањето на Хјустон кое штотуку пристигна и принудно мора да игра на позиција што воопшто не му одговара по ниту еден параметар. Има само 206 сантиметри, а нема ниту физички предиспозиции за петка.

Германецот Ајзеа Хартенштајн и Тајсон Чендлер со висина од 213 сантиметри се единствените вистински центри кај Хјустон, но ретко добиваат шанса, па Ракетите ќе се обидат со динамична игра да ги покријат очигледните слабости по продажбата на Клинт Капела.

Бостон полека ги среди редовите, главните играчи се рехабилитираа од повредите и ако одиграат мудро против Хјустон и ја забават играта на противникот, имаат шанси за успех.

Бред Стивенс е одличен стратег, а центрите Тајс и Кантер ќе треба да одиграат клучна улога со помош на одличната надворешна линија на Селтикс.

Предлог тип: 2 (2.25)

 

Колорадо авеланш – Отава сенаторс (НХЛ, 03 часот)

Колорадо може да избие на првото место во Западната конференција ако ја победи слабата екипа на Отава и дочека пораз на Сент Луис од Анахејм.

Лавината е во опасен налет, има четири победи по ред и во тој циклус ја декласира Отава на гостински терен со 4:1. Сенаторите играат лошо и имаат пет порази по ред, а шансите за плејоф се само во доменот на теоријата. Заостануваат цели 20 бодови зад екипите што би играле плејоф според моментната позиција на табелата, што е недостижна разлика за најсилната професионална лига во хокеј.

Ноќеска Отава ќе игра и без неколку клучни хокеари, што само ќе им ја олесни работата на домаќините. Единицата со коефициент од 1.65 во Sport Life според нас е тип на денот.

Предлог тип: 1 (1.65) 

 

Едмонтон ојлерс – Чикаго блекхокс (НХЛ, 03 часот)

Вистински празник за очи е да се следи динамичниот хокеј што го игра Едмонтон предводен од двајцата најдобри поентери во Лигата.

Леон Драјсајтл води во НХЛ-лигата со 85 поени, четири повеќе од Конор Мекдејвид и засега дуото на Ојлерс љубоморно го чува врвот. И двајцата се млади хокеари, Леон има 24 години, а Конор 23 и тие се иднина на Едмонтон.

Ноќеска ќе биде интересно да се гледа нивниот дуел со искусните јастреби од Чикаго, пред сè Кејн и Тајз, кои се топ-поентери кај Чикаго и хокеари што знаат како се освојуваат титули. Имаат по три со Чикаго и уште дузина на интернационалната сцена.

Со нив „староседелци“ во тимот се и Данкан Кит и Брент Сибрук, кои исто така учествуваа во освојување на пехарите во Стенли купот во сезоните 2009/10, 2012/13, и 2014/15 и Брендон Сад и Ендрју Шо, кои ги имаат последните два прстени за Блекхокс.

Гостите имаат неверојатно искуство, домаќините ќе се потпрат на талент и младост, а во судирот на различни генерации очекуваме голови.

Предлог тип: >5.5 гола (1.75)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести