Кисело јаболко за Волшебниците од Вашингтон

Кливленд кавалирс – Атланта хоукс (НБА, 01 часот)

Ниту доаѓањето на Андре Драмонд не му помага на Кливленд да забележи значаен исчекор во обидот да се избегне последната позиција во Источната конференција.

Навидум и според имињата, Коњаниците имаат одличен тим со Лав, Осман, Секстон, Томпсон и сега и Драмонд во тимот, но нешто не штима како што треба, па плејофот е далеку.

И Атланта се мачи, иако и од нив повеќе се очекуваше. Ги имаат младите ѕвезди Тре Јанг и Џон Колинс, се приклучи и Клинт Капела, но мисијата сезонава ќе биде да се избегне фенерот на Истокот, иако од плејофот ги делат само 8 победи.

Сеознава двете екипи одиграа еден меч меѓу себе и Кливленд славеше со 121:118. Сличен дуел со многу кошеви предвидуваме и за ноќеска во Кливленд.

Предлог тип: >229.5 поени (1.73)

 

Орландо меџик – Детроит пистонс (НБА, 01 часот)

Орландо е екипата што е на нишанот на ривалите од долниот дом во Источната конференција бидејќи Магичните се на осмата позиција, последна што води во плејофот.

Ова им е последен меч пред Олстар-викендот и ќе сакаат победнички да одат на пауза. Детроит не е далеку, има само 4 победи помалку од Орландо, но со трампата на Андре Драмонд како да потврдија дека немаат илузии за некаков исчекор сезонава.

Повредите на клучните играчи им се голем проблем на Пистонс. Реџи Џексон се врати по долга пауза, но сега не играат Грифин, Роуз, Кенард и Михајљук. На трите меча без Драмонд забележаа три порази, а според тоа во каква ситуација се со повредите на кошаркарите, им се насмевнува и четвртиот неуспех по ред.

Предлог тип: 1-1 (1.70)

 

Њујорк никс – Вашингтон визардс (НБА, 01.30 часот)

Поразот од Атланта по продолженија ја прекина серијата на Никс од четири победи, најдолга сезонава за тимот од Големото јаболко.

Њујорк изненадувачки игра многу солидно од моментот кога го разменија најдобриот стрелец Маркус Морис, кој замина во Лос Анџелес клиперс. Реџи Булок одлично го замени Морис и тој е еден од клучните играчи за добрите резултати на најскапата франшиза во НБА-лигата.

Ова е можеби и најважниот меч за двете екипи во сезоната бидејќи победа им ги задржува надежите за подвиг и за евентуален настап во плејофот. Ова посебно важи за домаќините, кои заостануваат за шест победи зад Орландо меџик во битка за осмата позиција на Истокот од НБА.

Вашингтон ќе игра без оддамна повредениот Џон Вол и без искусниот центар Том Брајант, а кај нив се знае, многу работи зависат од играта на Бредли Бил. Еден од најдобрите кошгетери во лигата ќе треба повторно да оди над 30 поени ако Визардс сакаат победа во легендарниот „Медисон сквер гарден“. Типуваме дека Њујорк ќе ги искористи моментот и добрата форма и атмосфера и ќе поведе со 2:1 во победи против Вашингтон.

Предлог тип: 1 (1.75)

 

Бостон бруинс – Монтреал канадијанс (НХЛ, 01.30 часот)

Рекордерите од Монтреал долго ја чекаат јубилејната 25-та титула во НХЛ-лигата, а се чини ќе помине и 27-мата година без пехарот во Стенли купот. Канаѓаните имаат 24 трофеи, но според тоа како играат, и плејофот би бил успех за нив.

Дуелите со шесткратниот првак Бостон се вистински класици во НХЛ, а и двете екипи се дел од „Оригиналните шест“ што ја основаа лигата.

Бруинс имаат одиграно 20 финалиња, последното лани, кога загубија од Сент Луис и се екипата со најмногу порази, дури 14 во финалните серии за пехарот во Стенли купот.

Моментно се на првото место во Источната конференција со 80 бода и се фаворити против Монтреал. Ги декласираа Канаѓаните во ноември лани со неверојатни 8:1 и тоа на нивниот мраз, а потоа уште еднаш ги надиграа дома со 3:1. Една победа сезонава има и Монтреал, но според формата и квалитетот, Бостон е поблиску до 3:1 отколку Монтреал до 2:2.

Предлог тип: 1 (1.95) Супер тип на Sport Life

 

Лос Анџелес кингс – Калгари флејмс (НХЛ, 04 часот)

Во дуелот на големите ривали од Западната конференција, Калгари е голем фаворит, пред сè поради лошата форма на противникот.

Кралевите од Лос Анџелес и буквално се распаднаа на почетокот на 2020 година и на последните 15 меча имаат само две победи. Лошиот ефект се одрази и на пласманот, па тие се најслабата екипа во Западната конференција без изгледи за настап во доигрувањето за титулата.

Калгари има две победи по ред и засега е на шестото место, па секоја победа им е важна за да се одржи на позициите меѓу осумте најдобри по регуларниот дел и да ја продолжат битката за втората титула во клупската историја.

Проблем за гостите е што нема да играат Бенет, Џордано и Валимаки, но Ткачук, Гудро, Линдхолм и останатите хокеари се орни за настап и победа, со што ќе израмнат на 2:2 во меѓусебната серија против Кингс.

Предлог тип: 2 (2.30)

 

- Оглас -

Најнови вести