Индепендиенте ги лечи раните од дербито со победа против Арсенал

Вегас голден најтс – Вашингтон капитолс (НХЛ, 00 часот)

Репризата од финалето во 2018 година ќе биде повторно возбудлива бидејќи и двете екипи бијат многу важна битка за бодовите во обидот да се пробијат на врвот во своите конференции.

Засега Вашингтон, кој стана првак пред две години со триумф од 4:1 против сензацијата од Вегас, стои малку подобро и е на третото место во Источната конференција со 79 бода, 7 помалку од лидерот Бостон и четири од Тампа беј, но има одиграно помалку натпревари. Ако по вторпат сезонава го победат Вегас, хокеарите од главниот град на САД ќе бидат сосема конкурентни и за позицијата број 1 во Лигата.

Вегас во 2018 година како нова НХЛ-франшиза успеа веднаш на дебито да игра во финалната серија за титулата, што е едно од најголемите изненадувања во историјата на најсилната хокеарска лига на светот.

Во овој циклус загубија од Вашингтон со 2:5 во ноември и ќе сакаат да се ревашншираат. Патем им треба победа во многу интересната Западна конференција, каде што моментно се шестопласирани со 68 бода, само шест помалку од лидерот Далас и актуелниот првак Сент Луис.

Вашингтон ќе биде хендикепиран со отсуството на Евгени Кузнецов, хокеар што на првиот меѓусебен меч со Витезите од Вегас постигна гол и имаше асистенција во победата од 5:2. И сега очекуваме голови во дерби-меч на две одлични екипи.

Предлог тип: >5.5 гола (1.60)

 

Јошихито Нишиока – Џон Милман (Тенис, Делреј Бич, 00 часот)

Нишиока и Милман ќе го играат мечот за осминафинале на турнирот во Делреј бич, прекрасно место на Флорида, па Јапонецот и Австралиецот ќе се обидат со победа да останат на турнирот и да уживаат во убавините на Мориками музејот и на јапонските градини, кои се обележје на оваа локација.

Турнирот го има своето 28-мо издание, а интересно е што првите шест на самите почетоци од 1993 до 1998 година се играа во Корал Спрингс, исто така на Флорида.

И Нишиока и Милман се во добра форма, играа одлично на ОП на Австралија, каде што загубија во четвртото коло од фаворитите Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер. Јапонецот очекувано потклекна во дуелот со шампионот Ѓоковиќ и загуби со 3:0, откако претходно мина три кола, а Милман беше можеби и трагичар на турнирот.

Австралиецот прокоцка огромна предност од 8:4 во поени во продолжениот тај-брејк во решавачкиот петти сет и дозволи Швајцарецот со шест поени во низа да направи чудесен пресврт и да победи со 3:2 во сетови.

Милман сега ќе игра за првпат по елиминацијата од Федерер и ќе треба да докаже дека болниот пораз од Федерер не оставил трага. Во меѓусебните дуели води со 2:1 против Нишиока и очекуваме нов неизвесен меч меѓу нив двајцата. Ќе типуваме на повеќе од 22,5 гема.

Предлог тип: > 22.5 гема (1.90)

 

Коринтијанс – Аудакс СП (Бразилиеро, жени, 00.30 часот)

Коринтијанс е многу подобар тим од Аудакс и е голем фаворит, но коефициентот за победа е многу мал, само 1.02, што е неисплатливо да се игра.

Дамите од една од најпознатите фудбалски франшизи во Бразил се апсолутни фаворити и според квалитетот, рејтингот и титулите што ги имаат.

По новиот формат што сега се игра во женскиот фудбал во Бразил од 2014 година, Коринтијанс освои една титула во 2018 година и двапати беше поразен во финалињата, лани и во 2017 година.

Во ланската сезона фудбалерките на овој клуб станаа и континентални шампионки со триумф во Копа Либертадорес. Аудакс нема трофеи и е голем аутсајдер, па може и да претрпи тежок пораз, ако Коринтијанс одигра на нивото на квалитетот што го има во екипата.

Предлог тип: 5 +(1.65)

 

Индепендиенте – Арсенал Саранди (Суперлига, Аргентина, 01.10 часот)

Индепендиенте го загуби големото дерби против Расинг во чудни околности и со двајца играчи повеќе на теренот. Да се биде поразен во таканареченото Авелјанеда дерби, што е второ по ранг во Аргентина зад Суперкласико на Ривер плејт и Бока јуниорс, е голем удар за клубот и особено за фудбалерите и навивачите.

Популарните Ел Рохо се гиганти на аргентинскиот фудбал со 16 титули и исто толку вицешампионски круни и, секако, се фаворити против Арсенал, кој има една титула.

Гостите на четири кола пред завршувањето на првиот дел од шампионатот се подобропласирани на осмата позиција, која гарантира настап во квалификациите за Копа Судамерикана.

На Индепендиенте му треба победа за да се приклучи, па тоа ветува интерeсен дуел. Ноќеска на „Либертадорес де Америка“ ќе има и дуел на браќата Сонора. Помладиот Алан, кој има 21 година, е член на Индепендиенте, а две години повозрасниот Џоел настапува за Арсенал. Мечот е многу значаен, особено за Индепендиенте, па очекуваме гигантот да победи.

Предлог тип: 1 (2.05)

 

Колорадо авеланш – Тампа беј лајтнинг (НХЛ, 03 часот)

Двата ноќни натпревари во НХЛ-лигата се вистински подароци за симпатизерите на хокејот, а и во овој случај ќе има пресметка меѓу екипи од различни конференции.

Колорадо игра одлично сезонава и со победа против Тампа беј ќе се приклучи на врвот на табелата во Западната конфереција со трилинг-екипи со по 74 бода, колку што моментно имаат Далас и Сент Луис.

Тампа е на второто место на Истокот со 83 бода, само 3 помалку од Бостон, па и Грмотевиците ќе имаат голем мотив да победат и патем и да се реваншираат за дебаклот од 6:2 на свој терен од Колорадо во единствениот меѓусебен меч сезонава.

Тогаш блескаше Тајсон Лост со три гола, а му се приклучи и Калум Вилсон со три асистенции, па Лавината и буквално го растури тимот од Флорида. Ноќеска Вилсон нема да игра, но охрабрување за домаќините е камбекот на Нејтан Мекинон, најдобриот поентер во Колорадо и четврторангиран во лигата со 80 поени.

И кај Тампа се врати Стивен Стамкос по куса пауза, па речиси со сите сили и во комплетни состави ќе се игра дербито во „Пепси центарот“ во Денвер. Тешко е да се процени која екипа е поблиску до победата, па ќе типуваме дека повторно ќе има многу голови.

Предлог тип: > 5.5 гола (1.65)

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести