Саутемптон и Астон Вила се машини за примање голови, ќе се тресат мрежите и денеска на „Сент Мери“

Саутемптон – Астон Вила (Премиерлига, Англија 16 часот)

На „Сент Мери“ силите ќе ги одмерат две екипи со најслаби одбрани во Премиерлигата. Астон Вила има примено најмногу голови во 26. кола, точно 50, а ниту Саутемптон не е многу подобар со 48 примени погодоци, колку што има и фенерџијата Норич.

Во тој дух се и резултатите од последните шест меѓусебни дуели на Саутемптон и Астон Вила и на секој од нив имаше најмалку по еден погодок во двете мрежи.

Најголема закана за гостите ќе биде Дани Ингс, напаѓач кој се препороди со кам-бекот во Саутемптон, по неуспешната епизода во Ливерпул. Досега постигна 15 гола и го дели третото место со Обамејанг на листата со најдобри стрелци.

Кај Вила капитенот Грилиш е прв стрелец со 7 гола, а има и шест асистенции, па тој ќе треба да ја покрене гостинската машинерија. Двете екипи играат офанзивно и ќе типуваме дека ќе има доста голови денеска попладне во Саутемптон.

Предлог тип: ГГ&3+ (1.93)

 

Шефилд јунајтед – Брајтон (Премиерлига, Англија 16 часот)

На „Брамал лејн“ се сонува подвиг и настап на Шефилд јунајтед на европската сцена, а како играат фудбалерите од Јужен Јоркшир целта е сосема остварлива.

Шефилд има многу солиден ростер и уште подобра игра, па 39 бода и не се изненадување. Победа против Брајтон ќе ги вивне уште повисоко од шестата позиција, бидејчи Челзи и Тотенхем играат меѓусебе, па Шефилд би бил најмалку на петтото место по 27. коло.

Брајтон влета во криза и има 7 меча во низа без победа. Загубија од Шефилд во првиот дел од шампионатот и имаат три порази по ред од денешниот ривал во последните три меѓусебни дуели. Веројатно ќе го претрпат и четвртиот, но ние ќе одиграме на голови.

Предлог тип: 3+ (2.30)

 

СПАЛ – Јувентус (Серија А, Италија 18 часот)

Јувентус имаше две неуспешни гостувања во Ферара во последните две сезони и еднаш загуби, а еднаш играше нерешено, па ќе бара трета среќа. Сега Старата дама и не е во позиција да биде комотна, како што тоа беше во претходните години кога апсолутно доминираше и озвои 8 титули по ред.

Гостите ќе мора да играат со мотивиран противник, кој бие грчевита битка за опстанок, против незгодна традиција и мора да мислат и на Лигата на шампионите.

Јувентус во вторник ќе му гостува на Лион во првиуот меч од осминафиналето во Лигата на шампионите. Против СПАЛ Маурисио Сари веројатно и ќе одмори некого од стандардните играчи, но Јуве има квалитетен ростер и ќе типуваме дека ќе победи во Ферара и тоа со предност на полувремето и во меч со најмалку два гола.

Предлог тип: 2-2&2+ (2.35)

 

Лил – Тулуз (Лига 1, Франција 20 часот)

Лил е една од најдобрите екипи сезонава во Франција и има шанси да се избори за настап во Лигата на шампионите. Иако не постигнуваат многу голови домаќините имаат одлични напаѓачи. Ошимен, реми, Бамба и Иконе се квартетот задолжен за голови и ќе бидат многу опасни за фенерџијата во Лигата, екипата на Тулуз.

Гостите се потонати на дното со само 13 бода и се далеку од безбедната зона, па речиси сигурно ќе бидат второлигаши, ако не се случи чудо.

Тулуз е единствената екипа во Лига 1 што се уште нема победа на гостински терен, а се чини дека така ќе остане и по ова коло и по гостувањето кај Лил.

Домаќините мора да победата за да останат конкурентите во битката за првите три позиции, а и Тулуз нема што да брани, па ќе типуваме дека ќе има најмалку еден гол во првото полувреме и два или повеќе во вториот дел.

Предлог тип: 1+I& 2+II (2.80)

 

Фиорентина – Милан (Серија А, Италија 20.45 часот)

Фиорентина ја прекина серијата од четири меча без победа, со блескав триумф од 5:1 во Џенова против Сампдорија и го чека Милан во меч што може да биде и последна шанса за виолетовите да фатат приклучок за Европа.

Фиорентина има само 28 бода и скромна сезона, особено ако се знае дека тимот се засили и имаше многу поголеми амбиции од моментното 13. место на табелата во Серија А.

Проблем им е долгото отсуство на Франк Рибери, а повреден е и Кваме, кој пристигна како засилување од Џенова. Против Милан нема да игра и Милан Бадељ, кој бешпе исклучен против Сампдорија.

И гостите имаат проблеми поради отсуството на Кјаер, Мусакио, Билја, Дуарте, а можно е да не игра и Чалханоглу.

Сепак и на двете екипи им е неопходна победа, па ќе мораат да одиграат офанзивно.

Предлог тип: ГГ (1.77)

 

Во специјалната дневна понуда на Sport Life можете да ги одиграте овие три натпревари:

Челзи – Тотенхем 1&2-4 гола (2.70)

Вердер – Борусија Дортмунд Т2 3-5 гола (2.20)

Фиорентина – Милан Х2&ГГ (2.50)

 

- Оглас -

Најнови вести