Рома не се предава во трката за ЛШ (Видео)

Рома славеше важна гостинска победа од 0-2 против Болоња во натпревар од 34-то коло во Серија А.

И покрај турбуленциите во клубот и заминувањето на легендарниот Клаудио Раниери, тимот предводен од Џанпјеро Гасперини одигра сигурно и освои значајни три бода во трката за пласман во Лига на шампиони.

Волчицата поведе уште во седмата минута, кога Дониел Мален ја искористи навремената асистенција од Нил Ел Ајнуи и прецизно погоди за 0-1. Рома можеше да ја зголеми предноста и порано, но Мален не беше прецизен при една добра шанса.
Сепак, во првата минута од судиското продолжение во првото полувреме, токму Мален возврати со одлична асистенција, го пронајде Ел Ајнуи, кој ја удвои предноста на римјаните.


Во вториот дел, Болоња се обидуваше да се врати во игра, а најблиску до гол беше Рикардо Орсолини, чиј удар заврши во гредата. Сепак, избраниците на Винченцо Италијано не успеаја да направат пресврт.


Со оваа победа, Рома стигна до 61 бод и останува во игра за место меѓу најдобрите четири, додека Јувентус, кој има два бода повеќе, допрва го игра својот натпревар против Милан.


Болоња, пак, останува на осмата позиција со 48 освоени бодови.

- Оглас -

Најнови вести