ПСЖ ита кон титулата во Франција

Пари Сен Жермен оствари сигурна победа од 0-3 на гостувањето кај Анже во натпревар од 31-то коло на Лига 1, со што уште еднаш ја потврди лидерската позиција на табелата.

По овој триумф, ПСЖ има 69 бодови и останува прв, со шест бодови предност пред Ленс, додека Анже се наоѓа на 13-тото место со 34 бодови.

Гостите практично го решија натпреварот уште во првото полувреме. Веќе во седмата минута Канг-Ин Ли погоди по одбиена топка за 0-1. Анже накратко се израдува на израмнување, но погодокот беше поништен по ВАР проверка поради офсајд.

Во 39-та минута, Мајулу ја искористи одличната акција и центаршут и со прецизен удар од работ на шеснаесетникот зголеми на 0-2.

Во вториот дел, ПСЖ продолжи со контрола на играта, а третиот гол стигна по корнер кога Бералдо со удар со глава ја затресе мрежата за конечни 0-3.

- Оглас -

Најнови вести