Сити на драматичен начин до финале во ФА купот (Видео)

Манчестер сити продолжува да балансира меѓу борбата за титулата во Премиер лига и настапот во ФА купот, а денеска обезбеди пласман во финалето по драматична победа од 2-1 над Саутемптон.


Избраниците на Пеп Гвардиола имаа целосна контрола во првото полувреме, упатија шест удари кон голот, додека противникот немаше ниту еден, но мрежите мируваа. Саутемптон накратко се израдува во 12-тата минута, но погодокот беше поништен поради офсајд.


Во продолжението, Сити ја диктираше играта, но без конкретна завршница. Сепак, изненадувањето дојде во 79-та минута кога Азаз со одличен удар од дистанца донесе водство за Саутемптон од 0-1.


Реакцијата на Граѓаните беше експресна. Само три минути подоцна, Жереми Доку погоди за израмнување, а потоа истиот играч асистираше за пресвртот. Нико Гонзалес со ефектен удар од далечина го постави конечниот резултат од 2-1.


Со оваа победа, Манчестер сити се пласира во финалето, каде ќе се соочи со победникот од дуелот меѓу Челси и Лидс јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести