Единствениот тим без пораз во 2020 година во Топ 5 лигите, денеска нема да киксне

Арсенал – Евертон (17:30 ч.)

Дуел на две екипи кои се во одлична форма. Арсенал е единствената екипа во Топ 5 лигите во Европа која нема пораз во 2020 година. Евертон со Карло Анчелоти на клупата, дефинитивно влезе во добар ритам и има пет меча без пораз во Премиер лигата.

Топчиите дома играат променливо и имаат само пет победи во 13 средби, а во просек има по три погодоци на нивните мечеви во Лондон. И Евертон кога игра на гости просекот е три гола на дуел, а Карамелите имаат само три успеси во 13 дуели.

Предлог тип: ГГ 3+ (2.00)

 

Манчестер јунајтед – Ватфорд (15 ч.)

Манчестер јунајтед има голем мотив да ги освои трите бода, затоа што со победа Црвените ѓаволи ќе дојдат до петото место на табелата. Иако има дадено дури 24 гола, а примено само 12 на „Олд Трафорд“ сезонава не е најсјајно за домаќинот затоа што билансот е 6 победи, 5 реми и 2 порази.

Ватфорд е во криза и пет меча нема триумф. Гостите сезонава на свој терен го победија Манчестер, па би било вистински бонус ако освојат плус бодови и на овој меч. Ватфорд на гости има дури 7 порази во 13 меча, а иако ќе ги нема  Рашфорд и Погба, Манчестер е фаворит за победа

Предлог тип: 1 (1.65)

 

Атлетико Мадрид – Вилјареал (21 ч.)

Дерби на колото во Примера. Атлетико има два бода повеќе од гостите, кои исто така се обидуваат да стигнат до место кое би водело во Лигата на шампиони за следната сезона. Одбраната е главен адут за Јорганџиите, кој во 12 домашни меча примија само шест гола.

Вилјареал е опасен ривал, но сигурно нема да може да создаде премногу шанси на „Ванда Метрополитано“.

Предлог тип: 1Х&0-2 (2.03)

 

Волфсбург – Мајнц (18 ч.)

Мајнц во минатото коло за прв пат одигра нерешено, додека Волфсбург е вториот клуб во Бундеслигата по бројот на одиграни мечеви без победник (вкупно 7). Мајнц сезонава можеби слабо игра нерешено, но ако се видат меѓусебните средби со Волфсбург, дури шест од последните осум средби биле без победник.

На девет од последните 10 дуели на овие екипи немало повеќе од два гола, па и сега не се очекува да има многу погодоци.

Предлог тип: 0-2 (2.20)

 

Торино – Парма (15 ч.)

Торино е во тешка криза затоа што тимот ги загуби последните шест меча. Не само што губеше, туку имаше очајна одбрана, па во тие шест меча прими вкупно 21 гол, односно повеќе од три на меч.

Парма може да се бори и за излез во Европа, но проблем за гостите е повредата на Дејан Кулушевски, кој може и да не игра денеска.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.90)

 

- Оглас -

Најнови вести