Македонските репрезентативци Милан Ристовски, Тихомир Костадинов и Андреј Стојчевски имаа одлични настапи во првенството на Чешка.
Офанзивецот Ристовски блесна со извонредна партија и беше клучна фигура во победата на Бохемијанс од 2-0 против Спарта Прага.
Bohemians se ujímají vedení! 🦘🔥 pic.twitter.com/wdw7vWWaCT
— Chance Liga (@chanceliga) April 25, 2026
Тој беше стрелец во 60-тата минута и го отвори резултатот, а само две минути подоцна, Ристовски повторно беше во центарот на вниманието, бидејќи по негов удар со глава и одбиена топка, Хулка ја затресе мрежата на ривалот за конечни 2-0.
Тихомир Костадинов запиша асистенција за Словачко, но неговиот тим беше поразен со 1-2 од Дукла Прага. На истиот натпревар, во одбраната на Словачко цели 90 минути настапи и Андреј Стојчевски.

