Барселона го победи Хетафе и може да го лади шампањот (Видео)

Барселона забележа победа од 0-2 на гостувањето кај Хетафе во натпревар од 32-то коло во Ла Лига, со што направи голем чекор кон шампионската титула.


Избраниците на Ханси Флик ја оправдаа улогата на фаворит и стекнаа предност од 11 бодови пред второпласираниот Реал Мадрид.


Хетафе се обиде да се фокусира на одбраната и да ги сопре нападите на гостите, што му успеваше поголем дел од првото полувреме. Освен еден удар на Барџи, Барселона не беше премногу опасна сè до финишот на првиот дел.


Во 45-та минута, Педри испрати одлична топка во празен простор до Фермин Лопез, кој рутински ја смести во мрежата на Давид Сорија.


Во 74-та минута, Маркус Рашфорд по еден контранапад и асистенција од Роберт Левандовски го постави конечниот резултат 0-2.


До крајот, Барселона можеше да постигне и трет гол преку Касадо, но резултатот остана непроменет. Хетафе останува на шестото место со 44 бодови, додека Каталонците се подготвуваат за шампионска прослава.

- Оглас -

Најнови вести