Херта се разигра, ама има мака со бикови што им ја полнат мрежата

Лајпциг – Херта (Бундеслига, 18.30 часот)

Бруно Лабадија прави чуда на кормилото на Херта и на првите два меча како нов тренер на тимот од Берлин има две победи со импресивна гол-разлика од 7:0.

На таков исход во првите две кола кои го означија рестартирањето на Бундеслигата веројатно не се надеваа ниту најголемите оптимисти во таборот на Херта.

Ветеранот Ведат Ибишевиќ се разигра и со два гола и две асистенции го водеше тимот до победи против Хофенхајм и Унион Берлин. Херта е релативно спокојна за опстанок бидејќи има 10 бода предност пред Фортуна Диселдорф и може да одигра порелаксирано.

Лајпциг имаше кикс при камбекот по два месеци пауза, ремизираше дома со Фрајбург, но потоа го прегази Мајнц со 5:0 и најави дека нема да се откаже од титулата.

Шансите на Биковите се мали бидејќи Баерн игра сигурно и е на прагот на нов пехар, но Лајпциг нема да се предаде. Голем проблем им е повредата на еден од клучните играчи, Јусуф Поулсен. Данецот се повреди на дуелот со Мајнц и за него сезоната е завршена.

Сепак, Јулијан Нагелсман направи одличен тим кој има хемија и супер квалитет. Тимо Вернер, Сабицер, Нкунку и соиграчите се големи фаворити против Херта. На последните четири меѓусебни дуели Лајпциг излегуваше како победник, а просекот му е 4,5 гола во мрежата на берлинците.

Овде ќе одиграме на квалитет, кој е на страната на Лајпциг.

Предлог тип: 1-1 (1.90)

 

Хановер – Карлсруе (Бундеслига 2, 18.30 часот)

Хановер е најдобриот тим во популарната Цвајта по камбекот и е единствен клуб со максимален учинок во трите кола во посткорона ерата на германскиот фудбал.

Во зимскиот преоден рок популарните 96-ки од Алавес го позајмија Џон Гвидети, што само покажува дека ќе се обидат да приредат подвиг за да се пробијат до една од првите три позиции што даваат надеж за промоција во Бундеслигата.

Хановер има страшен напад, со Гвидети и стрелците на по 8 погодоци, Вајндант и Дукш. И останатиот дел од тимот е многу солиден, па иако заостануваат доста зад Арминија, Хамбургер и Штутгарт, се надеваат на чудо на последните 8 меча, колку што Хановер има за доигрување во сезоната 2019/20.

Карлсруе бие битка за опстанок, бодовите им се неопходни за задржување на второлигашкиот статус, но Хановер е во топ-форма и има подобар тим.

Предлог тип: 1 (1.90)

 

Ујпешт – Ференцварош (Унгарија, 20 часот)

Едно од најзначајните фудбалски дербија во Европа денеска ќе го има 282-рото издание, а големите ривали од Будимпешта имаат страшна традиција што почна во 1905 година со првиот меч.

Ференцварош е поуспешен на сите полиња, а и денеска е фаворит на празниот стадион „Суса Ференц“, кој е дом на Ујпешт. Популарниот Фради досега има 134 победи, Ујпешт се радувал на 77 меча, а 70 завршија нерешено. Ференцварош е и најтрофеен клуб во Унгарија со 30 домашни титули, а и тука е подобар од вечниот ривал, кој има 20 пехари.

За Ујпешт би требало да настапи македонскиот репрезентативец Кире Ристевски, кој ќе се обиде со соиграчите да ги освои бодовите што им се неопходни на домаќините за бегство од опасната зона, но квалитетот е на страната на лидерот во Унгарија.

Ференцварош ако победи, ќе му побегне на МОЛ Фехервар за цели девет бода и 31-вата титула ќе им биде на дофат.

Предлог тип: 2 (1.85)

 

Фортуна Диселдорф – Шалке 04 (Бундеслига, 20.30 часот)

Шалке 04 има катастрофален рестарт во Бундеслигата со два тешки порази. Екипата од Гелзенкирхен претрпе болен пораз од вечниот ривал Борусија Дортмунд со 0:4, а потоа го декласира и Аугсбург со 0:3, па сега позицијата на тренерот Давид Вагнер е разнишана.

Денеска на арената „Меркур шпил“ нема да им игра и најдобриот стрелец Суат Сердар, што е нов хендикеп за гостите. Нема да настапат и Маскарел, Тодибо и Стамбули, а неизвесен е и Харит, што само ги зголемува главоболките за Вагнер.

Фортуна загуби цели 22 бода на домашен терен, Шалке 04 има серија од девет меча без победа со катастрофална гол-разлика 2:22, па јасно е дека мора да се оди на победа, што е императив за двете екипи.

Домаќините ќе играат без Стефен и Ковнацки, а избор е само атак на трите бода ако сакаат опстанок во Бундеслигата.

Предлог тип: ГГ (1.78)

 

Унион Берлин – Мајнц (Бундеслига, 20.30 часот)

Унион Берлин со Шалке 04 го имаат најслабиот старт во Бундеслигата откако започна камбекот на германскиот фудбал и има два порази по ред. Од стабилна ситуација до прекинот на шампионатот, сега влегуваат во вртлогот што може да ги врати во Втората лига.

Унион има само шест бода повеќе од Фортуна и мора да ја прекине серијата порази, која со двата во мај изнесува вкупно три по ред.

Добра вест за домаќините е што на кормилото се врати Урс Фишер, кој беше отустен поради семејни причини. Швајцарецот е добар стратег и ќе се обиде да направи брз пресврт во екипата што се рестартираше со гол-разлика од 0:6 на двата меча што ги загуби.

И Мајнц не е ништо подобар и доаѓа во Берлин по катастрофалниот пораз од 0:5 против Лајпциг. Имаат три бода помалку од Унион Берлин, па ова ќе биде рововска битка за бодови.

Предлог тип: 2>1 (1.98)

 

- Оглас -

Најнови вести