Ѓаволски бал на Марсијал – Со хет-трик сам го победи Шефилд јунајтед (Видео)

Антони Марсијал одигра симултанка против Шефилд јунајтед и со хет-трик му донесе победа на Манчестер јунајтед од 3:0 во меч од 31-вото коло во Премиер лигата.

Голеадата на шпицот на Црвените ѓаволи почна во седмата минута, а асистент беше Маркус Рашфорд.

Вториот гол го постигна Марсијал во финишот на првото полувреме, а фаворитот се доближи до 13-тата победа во Премиер лигата.

Во 74-тата минута повторно проработе врската Рашфорд – Марсијал и повторно францускиот ас постигна гол за хет-трик. Со денешните три погодоци, Марсијал стигна до бројката од 14 гола, најмногу во иста сезона откако е фудбалер на Манчестер јунајтед.

Победи забележаа и Евертон против Норвич како гостин со 1:0 и Вулверхемптон со идентичен резултат на домашен терен против Борнмут.

Нерешено 1:1 заврши дуелот меѓу Њукасл и Астон вила.

- Оглас -

Најнови вести