Реал е зицер двојка против тим што го гази во меѓусебните дуели

Холштајн Кил – Нирнберг (Германија 2, 15.30 часот)

Холштајн Кил може комотно да одигра ревијален последен меч сезонава во популарната Цвајта, но тоа не важи и за 9-кратниот германски шампион Нирнберг.

Гостите можат да испаднат со реми, или пораз, а интересно е што не смеат да калкулираат со нерешен резултат, бидејќи Карслруе може да ги престигне, ако победи, поради подобра гол-разлика.

Нирнберг има само една победа во осум кола по рестартот на првенството во популарната Цвајта, но денеска го играат најважниот меч сезонава.

И екипата од Кил не може да се пофали со добра форма во продолжението и победи само двапати на осумтте меча, со што го расипа впечатокот и најавите дека имаат тим и за Бундеслига.

Домаќините се во топ-5 екипите според ефикасноста, но и четврти се според бројот на примени голови. Против Нирнберг досега одиграа само три официјални натпревари и интересно е што дома загубија со 1:3, а двапати ремизираа по 2:2 на гостински терен. Време е за нов пораз во неважен меч за Холштајн Кил.

Предлог тип: 2 (2.20) Супер тип на Sport Life

 

Гројтер фирт – Карлсруе (Германија 2, 15.30 часот)

И тука домаќинот нема посебни мотиви за победа, освен за престиж, а на гостите им е потребен успех и бодови за евентуален спас.

Карлсруе како што сега стојат работите ќе игра бараж двомеч со екипа од Третата лига за продолжен престој во Цвајта и следната сезона, но можат и директно да се спасат.

За такво сценарио им треба победа и реми, или пораз на Нирнберг на „Холштајн“ стадионот во Кил. Гостите нема да калкулираат, ниту домаќините немаат причина за такво нешто, па очекуваме ефикасен меч.

Предлог тип: 3+ (1.66)

 

Салцбург – Хартберг (Типико Бундеслига, Австрија, 17 часот)

Салцбург ја презентираше моќта во претходното коло кога го демолира единствениот конкурент за титулата Рапид. Во Виена, Биковите славеа неверојатна победа од 7:2 во фудбалска ревија што ја зачини Златко Јунузовиќ со страшен гол.

Денеска и со реми Салцбург ќе се промовира во старо-нов првак на Австрија. Речиси сигурно ќе ја подобрат серијата шро трае долго, а се чека седмата титула по ред, или вкупно 14-та во клупската историја.

Хартберг има минимални шанси за европски настап и е редовен муштерија на шампионот. Салцбург има шест победи и едно реми во меѓусебните дуели со денешниот ривал. Три од шесте победи беа многу убедливи, со резултат од 4:0, 6:0 и 7:2, па и денеска во славеничко расположение очекуваме гол-шоу на најдобрата екипа во Австрија.

Предлог тип: 1-1&4+ (1.81) 

 

Парма – Интер (Серија А, Италија, 21.45 часот)

И двете екипи играат атрактивен фудбал, особено по паузата и постигнаа по пет гола во двете кола по кам-бекот на Серија А.

Дејан Кулушевски ќе има посебни мотиви да се надигрува со ривалите од Интер, бидејќи наскоро ќе се пресели во Јувентус и ова ќе му биде подготовка за идно учество во Дербито на Италија, како што се нарекуваат пресметките меѓу Старата дама и Нароаѕурите.

Домаќините се уште имаат шанси за позиции што водат во Европа, а Интер не се откажува од трката за титулата до Јувентус и Лацио, па ова е добра најава за меч без калкулации и со голови на двете страни.

Предлог тип: ГГ (1.93)

 

Еспањол – Реал Мадрид (Ла Лига, Шпанија, 22 часот)

Каталонците го чекаат за нив најнезгодниот ривал во обид да го изненадат фаворитот и да освојат барем еден бод. Еспањол и буквално страда во дуелите со Кралскиот клуб и има дури 12 порази и само една победа на последните 13 меѓусебни дуели.

Овој меч е исклучително важен и за двете екипи, па се очекува голема битка. Еспањол е фенерџија во Ла Лига, а Реал со победа ќе биде нов лидер, по вчерашниот кикс на Барселона во Виго.

Проблем за Реал е што поради жолти картони нема да им игра моторот на екипата Лука Модриќ, но Зидан има одлично избалансиран состав, па може да најде замена за Хрватот.

Тренерот Абелардо нема проблеми со нови повреди на играчите, или со суспензии поради картони, па ќе може да го изведе најдобриот состав што го има на располагање. Сепак квалитетот е на страна на гостите, кои имаат зицер за врвот на табелата и ако победат ќе влезат во последните шест кола со два бода предност пред Барселона.

Предлог тип: 2 (1.45)

 

Од стандардната дневна понуда со специјални коефициенти во Sport Life можете да одиграте:

Лестер – Челзи 1-2I&1-2II (2.85)

Наполи – СПАЛ 1&3-5 (2.30)

Еспањол – Реал Мадрид Т22+&ГГ (2.80)

 

- Оглас -

Најнови вести