Џенова – СПАЛ (Серија А, Италија, 17.15 часот)
СПАЛ ја игра третата сезона по ред во Серија А и на чудесен начин двапати се спасуваше од испаѓање, но сега таа мисија ќе биде речиси невозможна.
Последни се со само 19 бода и се најсериозни кандидати за враќање во Серија Б. И Џенова е во незавидна позиција, па ова ќе биде тешка битка за бодови што можат да значат спас, или да ја продолжат надежта за визирање на прволигашкиот статус.
Интересно е што Џенова нема победа на последните пет меча со денешниот ривал во Серија А, а четирите последни против СПАЛ завршија со ист резултат 1:1.
Горан Пандев и соиграчите се фаворити, мораат да победат и да ја прекинат црната серија од пет меча без триумф, но за посигурно ќе одиграме комбиниран тип.
Предлог тип: 1Х&ГГ (2.28)
Парма – Болоња (Серија А, Италија, 19.30 часот)
Двете екипи се безбедни во средината на табелата и не можат ниту да испаднат, ниту да играат во Европа. Тоа е можност да се одигра меѓусебен дуел напаѓачки од двете страни, за гол повеќе.
Парма игра ефикасно и има шест натпревари по ред на кои имало Гол-Гол, а и Болоња е во тој тренд со четири дуели на кои давале и примале најмалку по еден погодок.
Парма нема триумф против денешниот ривал на последните шест меча, малку ги здрма информацијата дека во нивниот табор има заразен од Ковид-19, но ќе играат и ќе се обидат да победат. Посигурна опција според нас е играта на голови.
Предлог тип: ГГ&3+ (2.10)
Леганес – Валенсија (Ла Лига, Шпанија, 19.30 часот)
Мечот во Мадрид за двете екипи е „да се биде, или не“, а тоа особено важи за Леганес. Домаќините веќе немаат право на кикс, бидејќи секој исход освен победа ги носи во Втората шпанска лига.
Валенсија со победа против Валјадолид во минатото коло прекина серија од четири настапи во Ла Лига без триумф. На Лилјаците им требаат бодовите за останат во игра за настап во Европа Лигата.
Леганес никогаш не ја победил Валенсија во меч од Ла Лига, а интересно е што трите последни меѓусебни дуели им завршија со резултат 1:1.
Предлог тип: Х2&ГГ (2.70)
Борнмут – Лестер (Премиерлига, Англија, 20 часот)
Лестер нема победа на гости против Борнмут во премиерлигашки меч, а последен триумф на Лисиците на „Виталити“ стадионот им е како членови на Чемпионшип лигата во 2014 година.
И двете екипи имаат само една опција, да се оди на победа, бидејќи секој друг исход не им одговара. Домаќините сакаат да го фатат веројатно и последниот воз за опстанок, а Лестер без триумф денеска може да остане и без настап во Лигата на шампионите.
Овде ќе одиграме на квалитет, кој според фондот на играчи, формата и бодовното салдо е на страната на гостите.
Предлог тип: 2 (1.85) Супер тип на Sport Life
Анталијаспор – Аланијаспор (Суперлига, Турција, 20 часот)
Адис Јаховиќ и соиграчите имаа мошне незгоден двомеч против Аланијаспор, неодамна во полуфиналето на турскиот куп и беа елиминирани со два порази и вкупен резултат од 0:5.
Сега имаат шанса за реванш во меч што не им значи ништо, освен за престиж. Анталијаспор има и кадровски проблеми и ќе игра без Подолски, Озтурк и веројатно без Ѓумуш, Фреди и Ѓулум што е хендикеп, но најважно е штоможат да одиграат релаксирано.
Аланијаспор може со победа да се приклучи кон позициите што водат во Европа Лигата, а ќе имаат шанса за такво нешто и со победа во финалето на купот што им следи против Трабзонспор. Очекуваме ефикасен меч на две екипи што имаат одлични напаѓачи. Шпицот на гостите Папис Сисе е прв стрелец во Лигата со 22 гола, а Јаховиќ е на делба на третото место со 15 погодоци.
Предлог тип: ГГ&3+ (1.81)
Во стандардната дневна понуда на Sport Life со специјални коефициенти можете да одиграте:
Тотенхем – Арсенал 1Х&2+ (2.00)
Наполи – Милан 1+I&3+ (2.10)
Севилја – Мајорка Т1 1+I& T1 2+ (2.00)