Головите се најдобра опција за чудната сезона во Лигата на шампионите

Бриж – Шарлроа (Жупилер лига, Белгија, 16.30 часот)

Бриж лошо ја почна новата сезона, со пораз во финалето на националниот куп од Антверпен. Загубија со 0:1 во Брисел и сега ќе се обидат да го порават киксот со стартна победа во новото првенство на Белгија.

Интересно е што на последните три меѓусебни натпревари со Шарлроа имаше само два гола, а се одиграа хет-трик дуели со по 0-1 гол.

Двете екипи немаат некаков посебен ривалитет, а за рејтингот се знае, Бриж е гигант на белгискиот фудбал со 16 титули, додека Шарлроа нема ниту една.

Македонскиот репрезентативец Ѓоко Зајков ќе ја почне шестата сезона во дресот на гостите, кои се аутсајдери во дуелот со актуелниот првак.

Предлог тип: 1(1.60)

 

Антверпен – Мускрон (Жупилер лига, Белгија, 16.30 часот)

Антверпен долго чекаше пехар во Белгија и конечно на први август славеше во финалето на белгискиот куп против Бриж и по 28 години чекање ја пополни колекцијата со нов трофеј.

Тоа ќе им даде потстрек на сите во таборот на Кралскиот клуб да бидат уште подобри од четвртото место што го освоија во скратената сезона прекината поради пандемијата со Ковид-19.

Ветераните Лиор Рефаелов и Диомерси Мбокани се уште можат да командуваат со нападот, а нивното искуство и квалитет ќе му биде добредојдено на Антверпен.

Мускрон ќе се обиде да биде подобропласиран од 10. место што го освои во последното издание на Жупилер лигата.

Антверпен е во подобра форма и типуваме дека ќе победи со голови на двете страни.

Предлог тип: 1&ГГ (3.15)

 

Стандард – Серкл Бриж (Жупилер лига, Белгија, 16.30 часот)

Стандард има импресивна серија од 12 меча без пораз од Серкл Бриж во натпревари од најсилната белгиска лига. Амбициите на 10-кратниот белгиски првак се големи и ќе се обидат да го симнат Бриж од врвот и да се тркаат рамноправно за титулата.

Серкл Бриж не го победил денешниот ривал во меч од Жупилер лигата од 26. декември во 2010 година, или им фали само некој месец за да минат точно 10 години од победничките спомени против клубот од Лиеж.

Стандард и сега има многу подобар тим и типуваме дека ќе го победи Серкл Бриж и ќе ја продолжи успешната серија во меѓусебните дуели.

Предлог тип: 1 (1.48)

 

Барселона – Наполи (Лига на шампиони, 21 часот)

Барселона има подобра стартна позиција и повеќе паузираше од Наполи, па Меси и соиграчите се фаворити во реваншот. Сепак во новонастаната ситуација без публика и во чуден, тивок амбиент вчера испаднаа Јувентус и Реал Мадрид, што му дава надеж и на Наполи дека ќе успее да го исфрли и третиот гигант на европскиот фудбал.

Проблем за гостите е повредата на Лоренцо Инсиње, но најавено е дека ќе игра. И Барселона има доста проблеми со повредите, но главните адути освен Буксетс и Видал му се на раслогање на Кике Сетиен .

Резултат 1:1 е одличен на гостински терен и Барса има предност на својот „Камп Ноу“ денеска, но подобро е да типуваме на голови.

Предлог тип: ГГ&3+ (2.05) Супер тип на Sport Life

 

Баерн – Челзи (Лига на шампиони, 21 часот)

Во фудбалот никогаш не се знае, имало големи подвизи, пресврти, анулирање и на навидум недостижни негативи, но Челзи е речиси прежален пред реваншот со Баерн Минхен.

Пред се поради огромната предност на германскиот првак од 3:0 остварена на првиот меч во Лондон, а потоа и поради квалитетот на Баерн, но и на здравствениот билтен кај гостите.

За Челзи нема да играат стандардните фудбалери Аспиликуета, Пулишиќ, Жоргињо и Педро и веројатно и Вилијан, па шансите за подвиг им се минимални.
Баерн е топ-фаворит за пехарот во Лигата на шампионите, а ако ја репризираат формата од досегашниот дел на сезоната реални им се шансите за шеста европска круна во витрините.

Предлог тип: 1&3+ (1.74)

 

Во стандардната дневна понуда на Sport Life со три меча со специјални коефициенти можете да одиграте:

Барселона – Наполи Т12+&ГГ (2.35)

Баерн – Челзи 1&3-5 (2.40)

Киево – Специја 1Х&2+ (2.20)

 

 

- Оглас -

Најнови вести