Аталанта и Арсенал се во форма, Хофенхајм и Борусија пак ќе приредат гол-шоу

3001 Наполи – Аталанта (Серија А, Италија, 15 часот)

Аталанта продолжи во ист стил од лани и игра прекрасен фудбал и на почетокот на новата сезона во Италија. Во три кола постигнаа дури 13 голови, или во просек повеќе од 4 по меч.

Гостите се лидери и со Милан единствените две екипи што имаат максимални 9 бода, па со право навивачите веруваат во чудо и освојување на првото Скудето во историјата на клубот од Бергамо.

Гасперини има проблеми со повреди на играчите, Калдара, Голини и Песина повторно нема да играат, а се значајни за Аталанта, но бергамашите газат и без нив.

За Наполи нема да играат нашиот репрезентативец Елиф Елмас и Полјакот Зјелински по позитивните тестови на Ковид-19. И двајцата наскоро ќе се вратат во тренажен процес, но нема да бидат на терен утре против опасниот гостин од Бергамо.

Наполи претрпе силен удар со хаосот околу неодиграниот меч против Јувентус, одлуката е службен пораз од 0:3 што секако ќе влијае на расположението во Неапол.

Аталанта игра ефикасно, атрактивно, дава и прима доста голови, сличен стил на игра има и Наполи, па се очекува да има голови на „Сан Паоло“. На последните три гостувања екипата од Бергамо по двапати ја тресеше мрежата на домаќините, па ќе типуваме дека повторно и по четвртипат по ред ќе даде најмалку два гола.

Предлог тип: Т2 2+ (1.95)

 

1804 Хофенхајм – Борусија Дортмунд (Бундеслига, Германија, 15.30 часот)

Хофенхајм е тврд орев за Милионерите и еден од нивните најнезгодни противници во последно време. Борусија нема победа на последните пет меѓусебни дуели, а лани претрпе два порази од Хофенхајм со вкупна гол-разлика од 1:6.

На 13 од последните 14 нивни дуели имаше најмалку по еден погодок на двете страни, а последниот меч во јуни годинава ја прекина серијата, кога Хофенхајм како гостин ја декласира Борусија со 4:0.

И двете екипи имаат сериозни проблеми со повредите, па нема да им играат по 4-5 играчи. Сепак стилот на игра нема да се менува, а кога играат Хофенхајм и Борусија како по правило има доста голови.

Предлог тип: ГГ&4+ (2.15)

 

1001 Челзи – Саутемптон (Премиерлига, Англија, 16.00 часот)

Челзи може да има проблеми со заморот на играчите, бидејќи имаат многу повеќе репрезентативци на различни земји во составот од Саутемптон.

Светците во последно време се многу незгоден противник кога гостуваат на „Стемфорд Бриџ“ и имаат две победи, последната лани во декември со 2:0.

Челзи најмногу потроши во летниот преоден рок од англиските екипи и се засили со звучни имиња. Им останува уште подобро да се воиграат и да го почнат походот кон врвот на табелата.

Денеска нема да им играат две засилувања,  Бен Чилвел и Тијаго Силва, а неизвесен е настапот на Канте. Саутемптон има многу солидна екипа со двајца опасни напаѓачи, Ингс и Адамс и можат да постигнат гол(ови). Хендикеп ќе им биде отсуството на Џенепо, но можат да се надигруваат со Челзи, иако домаќините се големи фаворити за победа.

Предлог тип: 1&ГГ (2.88)

 

1302 Селта – Атлетико (Ла Лига, Шпанија, 16 часот)

Двете екипи се без победа на два меча по ред во најсилната шпанска лига, па ќе бараат трета среќа на „Балаидос“. Полошо стои Селта со два порази, додека ниту Атлетико не може да биде задоволен со две нерешени по ред.

Гостите направија дрим-тим со доаѓањето на Луис Суарес ова лето и со ангажманот на Жоао Феликс пред една година, па офанзивата им изгледа застрашувачки.

Малку ги здрма заминувањето на Томас Парти во Арсенал и тоа во последните мигови од преодниот рок, па дури и добија рок од еден месец дополнително за да ангажираат замена.

Селта има одличен тим, но не игра добро, а на гости им доаѓа еден од главните фаворити за титулата. Атлетико не победи на последните две гостувања во Виго, но сега имаат одлична шанса да ја прекинат мини-серијата на „Балаидос“. Селта ќе ги нема во составот Малјо, Васкес, Алварес и Бланко, а неизвесен е настапот на уште два играчи што е преголем хендикеп против екипа од калибарот на Атлетико.

Предлог тип: 2 (1.85)

 

1006 Манчестер сити – Арсенал (Премиерлига, Англија, 18.30 часот)

Арсенал конечно со победа од 2:0 во јули во полуфиналето на националниот Куп на Англија успеа да ја прекине серијата од 7 порази по ред против Манчестер сити.

Таа низа беше најдолга активна на Топчиите против било кој тим во Англија, а се чини дека беше пресвртница во редовите на клубот од Лондон.

Потоа го освоија и пехарот со победа против Челзи што рапидно ја поправи атмосферата во клубот и ги подгреа надежите на големата армија навивачи дека екипата конечно е кадарна да се врати на патеките на успехот.

Манчестер сити некако оди во спротивен правец, токму по тој пораз од Арсенал, прв против нив по три години. Стартот на еден од главните фаворити за титулата е скромен, а поразот од Лестер со 2:5 беше болен и откри доста слабости.

Денеска нема да им игра Кевин де Бројне, најдбриот играч во Премиерлигата за ланската сезона што е голем хендикеп за Сити, иако имаат квалитетни замени. Можно е кам-бек по повредата да направи Серхио Агуеро, што би бил голем потстрек за домаќините.

Арсенал е во одлична форма има екстра-квалитетни и брзи играчи што можат да и создадат многу проблеми на несигурната одбрана на Граѓаните. Можеби е ризично, но за коефициент од 3.05 во Sport Life вреди да се одигра дека гостите најмалку двапати ќе ја затресат мрежата на Едерсон.

Предлог тип: Т2 2+ (3.05)

 

Квоти на денот во Sport Life се:

Евертон – Ливерпул Т2 1+I& T2 2+ (2.20)

Интер – Милан 1Х&2-4 (2.25)

Хетафе – Барселона Т2 2+&ГГ (3.00)

 

 

- Оглас -

Најнови вести