Екипата на Ал Наср го претрпе четвртиот пораз сезонава во првенството на Саудиска Арабија откако со 3:1 загуби на гостувањето кај Ал Кадсијах. Ова беше меч од 31 коло, по кое Ал Наср остана лидер на табелата со 79 бодови, но сега второпласираниот тим на Ал Хилал има можност со евентуален триумф да се приближи на само два бода и тоа на три кола до крајот.
Кристијано Роналдо ја игра третата сезона во Ал Наср и уште чека да се израдува на првиот трофеј. Вечерва Роналдо го одигра целиот меч, но не можеше да спречи пораз. Ал Кадсијах поведе со 1:0, а Жоао Феликс израмни на 1:1 пред крајот на првото полувреме.
Во вториот дел Ал Кадсијах играше поофанзивно имаше многу поконкретни шанси, па домаќините постигнаа два гола за победа над лидерот Ал Наср.

