Интер ја победи Парма и се круниса во нов првак во Серија А

Интер се радуваше на шампионска победа на „Џузепе Меаца“ вечерва против Парма, во рамките од 35. коло на Серија А. Со овој триумф, Нераѕурите стигнаа до 82 бодови, дури 12 повеќе од второпласираниот Наполи. Ако се знае дека до крајот на првенството има само уште три кола, Интер и официјално ја освои 21-вата титула во италијанското првенство.

Тирам во 45+1 минута погоди за водство на Интер, а триумфот го потврди Мхитарјан во 80 минута за 2:0 и големо славје на навивачите на гигантот од Милано.

Само Јувентус со 36 титули е потрофеен од Интер по бројот на титули во Серија А.

Интер може да ја заврши сезоната со двона круна, затоа што тимот ќе игра и во финалето на Купот на Италија. Во 2010 година Интер последен пат се радуваше на двојна круна во италијанскиот фудбал.

- Оглас -

Најнови вести