Реал Мадрид не дозволи Барселона вечерва да се радува на нова шампионска титула во Шпанија (Видео)

Реал Мадрид победи со 2:0 на гостувањето кај Еспањол во меч од 34 коло на шпанската Примера дивисион. Со оваа победа на Реал, останува отворено прашањето околу шампионската титула, затоа што Кралскиот клуб се врати на 11 бодови зад лидерот Барселона, но до крајот остануваат само уште четири кола.

Доколку Реал киксираше, односно вечерва не победеше кај Еспањол, Барселона ќе беше и математички старо-нов првак, но вака неозвесноста останува до следното коло кога се игра вечното Ел Класико на „Камп ноу“.

Реал Мадрид до победата на теренот на Еспањол стигна со два гола во второто полувреме, а херој е Винисиус јуниор. Бразилецот ги постигна двата гола. Најпрво беше прецизен во 55 минута кога погоди за водство на гостите од 1:0.

Espanyol 0 – [1] Real Madrid – Vinicius Junior GOLAZO 55′
by
u/Ripamon in
RealMadridFC

Во 66 минута Винисиус по втор пат го матираше голманот на Еспањол и стави крај на сите дилеми околу победникот. Овој погодок на Винисиус може да го видите ТУКА.

Еспањол останува единствениот тим во Примера кој нема ниту една победа во 2026 година. И покрај оваа ужасна серија, Еспањол е сигурен на средината од табелата.

- Оглас -

Најнови вести