Бетис и Монако имаат зицери за победа, Фиорентина и Тотенхем се подобри од Специја и Вест Хем

1619 Специја – Фиорентина (Серија А, Италија, 15 часот)

Специја ги минува почетните искушенија во историската сезона во Серија А со два високи порази, но и со неочекувана победа во Удине, што засекогаш ќе ја паметат, бидејќи им е прва во најсилната италијанска лига.

Специја е интересна екипа, но на стартот од првата сезона во Калчото премногу се потпираат на бугарскиот интернационалец Андреј Галабинов, кој ги постигна сите три гола за тимот, чија цел секако е опстанок во Серија А.

За мечот против Фиорентина ќе отсуствуваат четири играчи, а уште двајца се неизвесни, што и дава голема предност на поискусната и поквалитетна екипа од Фиренца.

Виолетовите повторно имаат скромен старт, а ги разочара поразот од Сампдорија на домашен терен во минатото коло. Имаат квалитетен тим, но не играат во рангот на можностите. Ги здрма и заминувањето на Кјеза, но сепак Рибери, Кваме, Кастровили, Амрабат, Миленковиќ…. се квалитетни фудбалери, многу подобри од тие што ги има Специја, па ќе типуваме на победа на гостите.

Предлог тип: 2 (1.81) Супер тип на Sport Life

 

1706 Монако – Монпелје (Лига 1, Франција, 15 часот)

Монпелје има многу проблеми со пандемијата со корона-вирус и пријави дека има заразени фудбалери, па ќе мораат да скрпат тим за гостувањето во малото кнежевство.

Двете екипи имаат пад на формата и заредија со неуспеси. Монако има два порази на последните три меча и сега Монпелје со сите проблеми им е таман за вадење.

Гостите ќе бидат и хендикепирани денеска и имаат два меча по ред без победа, па се аутсајдери. Во Франција е дозволен ограничен број на публика, но Монако на „Луј Втори“ и онака нема голема поддршка и во нормални услови. Играчите се навикнати да играат и без преголема поддршка од трибините. Домаќините имаат одлична шанса со победа да останат во горната половина на табелата и типуваме дека ќе ја искористат.

Предлог тип: 1 (1.78)

 

1808 Келн – Ајнтрахт Франкфурт (Бундеслига, Германија, 15.30 часот)

Келн има исклучително лош старт во Бундеслигата и три порази на три меча, а главниот проблем им е слабата одбрана. Примија 7бгола на три меча и се во друштво на Шалке 04 и на Мајнц како три екипи со сите порази.

Голем проблем за популарните Јарци е што не игра Кајнц, а сега отсутен ќе биде и Хектор што само ги зголемува главоболките на менаџерот Гисдол.

Напаѓачите на Келн се солидни, но не можат да ги надоместат грешките на дефанзивците, па ефектот е нула бодови по три кола.

Ајнтрахт е во сосема спротивен тренд, Орлите играат одлично и имаат две победи и едно реми, а се уште се без пораз. И гостите имаат кадровски проблеми, нема да играат Костиќ и Н`Дика што ќе биде хендикеп, но Ајнтрахт е во супер форма и е фаворит против Келн.

Јарците немаат што да бранат, мораат во напад од првиот момент, а Ајнтрахт сака да ја продолжи серијата без пораз, па очекуваме ефикасен меч и барем по еден гол во двете мрежи во првото полувреме.

Предлог тип: ГГ1 (3.45)

 

1010 Тотенхем – Вест хем (Премиерлига, Англија, 17.30 часот)

Тотенхем постигна неверојатни 13 гола на последните два меча, а жртвите се Макаби Хаифа со седмица во мрежата и Манчестер јунајтед, кој претрпе пораз од Спарс со еден гол помалку од Израелците.

Хари Кејн и Хјунг-Мин Сон во моментов се веројатно и најдобриот офанзивен тандем во Премиерлигата, па Вест хем ќе мора на нив да обрне посебно внимание.

Тотенхем има квалитетна екипа, Жозе Мурињо конечно може да биде задоволен, но Вест хем не е воопшто лесен ривал. Чеканите ги декласираа и Лестер и Вулверхемптон, две екипи со големи амбиции, па домаќините не смеат да го потценат градскиот ривал во дербито на Лондон.

Сепак на 13 постигнати голови на два меча и со офанзивци во топ-форма Тотенхем е голем фаворит и типуваме дека ќе победи.

Предлог тип: 1 (1.65)

 

1310 Бетис – Реал Сосиедад (Ла Лига, Шпанија, 21 часот)

Со победа и двете екипи можат да бидат лидери во Ла Лига и да ги искористат неочекуваните киксови на Реал Мадрид и на Барселона за престој на врвот на табелата.

Бетис е во подобра ситуација од Реал Сосиедад и ако успее да слави ќе биде сигурно нов лидер со 12 бода, додека тимот од Сан Себастијан би имал 11 бодови, па би бил заедно со Вилјареал на врвот, ако Жолтата подморница ја победи Валенсија.

Калкуалции има доста, а на теренот во Севилја, на „Бенито Вилјамарин“ две одлични екипи ќе одлучуваат за исходот на мини-дербито во ова коло.

Бетис има солиден биланс на домашен терен против гостите од Баскија, имаат и две победи и реми на последните три меѓусебни дуели на свој терен, што е добар предуслов за нов триумф.

Треба да се напомене дека Реал Сосиедад има дури 8 играчи што се повредени. Сигурно нема да играат Илјарименди, Меркеланц, Ѕангали и Ѕола, додека неизвесен е настапот на Арамбари, Јанузај, Зубелдија и Залдуа.

Предлог тип: 1 (2.55)

 

Квоти на денот во Sport Life се:

Партизан – Црвена Ѕвезда 1+I3+ (2.70)

Тотенхем – Вест хем Т1 2+&ГГ (2.45)

Рома – Беневенто 1&T1 3+ (2.45)

 

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести