Чупиќ: ПСЖ е под притисок дека мора да победи, но ние не одиме со бело знаме

Вардар в среда ќе гостува кај Пари Сен Жермен во Париз, во меч од групната фаза во Лигата на шампионите. Светците се апсолутни фаворити, но тргнаа многу лошо и во првите четири средби загубија трипати, па се на шестото место на табелата.

Иван Чупиќ е ракометарот кој пред три години го постигна можеби најзначајниот гол во историјата на Вардар. Во финалето на ЛШ, Чупиќ го даде погодокот во последната секунда во финалето против ПСЖ, кога Вардар за првпат стана европски шампион. Сега ситуацијата е поинаква, но Чупиќ вели дека нема предавање.

„ПСЖ нареди три порази и тоа сигурно ни ја олеснува ситуацијата затоа што знаеме која е нивната цел во групата. Тие сакаат да играат на фајнл-фор завршницата. Во ЛШ немаат добри резултати како во француската лига и ќе бидат под голем притисок. Немаат право за нови грешки, мора да победуваат за да се тргнат од дното на табелата“, вели Чупиќ пред утрешното тргнување кон Париз.

По три одиграни меча, Вардар има три бода, а ПСЖ има само два бода од четири средби.

„Штета што ние не победивме против Порто, но најважно е дека играме добро. Никој од нас не бара сензација во Париз. Го анализиравме ПСЖ, се подготвивме добро и сигурно нема да одиме со бело знаме. Знаеме дека индивудалниот квалитет е на нивната страна, но со добра одбрана, добро враќање на нивната транзиција и со добар голман одзади, можеме да им направиме притисок. Ако даде Господ и имаме добар меч, ќе биде добро во последните 10 до 15 минути да издржиме и да создадеме нервоза во редовите на ПСЖ, ако биде два гола плус или минус, ќе имаме шанса за добар резултат“, додава Чупиќ.

 

- Оглас -

Најнови вести